Иако навиките, исхраната, хигиената и облекувањето се разликуваат кај секоја жена, што влијае и врз мирисот на вагината, за сите се заеднички феромоните.

Здравата вагина всушност има мошусен мирис, како вообичаен телесен мирис кога ќе се испотите после тренинг.

Затоа е важно секоја жена да си го познава својот мирис и да препознае кога нешто не е во ред.

И иако е тешко конкретно да се одговори на прашањето како би требало вагината да се чувствува, јасно е КАКО НЕ ТРЕБА. Тоа може да биде знак за бактериска вагиноза, пореметен однос помеѓу добри и лоши бактерии.

Исто така, ако дојде до промена во бојата на секретот, тоа е алармантен знак. Тој треба да е белузлав, донекаде жолтеникав, а никако сив, зелен или светложолт. Покрај тоа, вагината не смее да чеша, ниту да пече.