Американката д-р Каролајн Андерсон, на својот блог ја откри 2000 старата индиска традиција за користење на три состојки чие благотворно дејство ја потврдило Западната медицина. Западните научници биле шокирани од сознанијата кои ги добиле од Индија, а истражувањата и студиите се се’ уште во тек.

Имено, луѓето од источните делови на Индија имаат незначителен број случаи на заболени од карцином, во однос на останатите луѓе од целиот свет. Како за пример, наведена е бројката на заболени од карцином на дојка- во Источна Индија е само 1/5 во однос на луѓето од Северна Америка; 1/8 со рак на бели дробови, 1/9 со рак на дебело црево и запрепастувачки 1/50 со рак на простата.

Во пракса тоа значи дека на секои 5 Американки заболува само една Индијка од рак на дојка, а на 50 Американци со рак на простата, заболува само еден Индиец.

Кои се причините за оваа разлика?

Според сознанијата, одговорот лежи во куркумата. Куркумата е зачин во облик на жолт прав, една од компонентите на зачинот кари од кој ја добива интензивната жолта боја. Неговите антивоспалителни способности се неверојатно моќни и се смета за најефикасен при смирување на воспалителни процеси.

Најновите студии откриваат дека куркуминот го спречува растот на многу видови карциноми: на дебелото црево, простата, мозок, дојка…

Се поставува прашањето како и колку да се користи куркумата за да имаме корист од нејзините својства.

За најдобра апсорпција праксата покажала дека куркуминот најдобро се апсорбира кога зачинот ќе се соедини со ѓумбир или црн пипер.

Пиперот ја подобрува апсорпцијата во организмот за неверојатни 2000%. Од оваа причина Д-р Каролајн Андерсон го препорачува следниот единствен рецепт:

Потребни состојки:

 ¼ кафена лажичка куркума

½ кафена лажичка маслиново масло

Прстофат свежо смелен црн пипер

Подготовка и употреба:

Сите три состојки добро промешајте ги па додадете ги во вашите вообичаени јадења: супи, салати, месо… Најдобро е да се додадат пред крај на готвењето. Состојките можете да ги консумирате и промешани со вода.

Колку почесто ја користите оваа мешавина во вашата исхрана, толку помал е ризикот од заболување на карцином, за вас и вашето семејство.