Ајдучка шубара – права српска вечера за памтење

Има сланина, пилешко, пиперка….се’ што е вкусно и убаво.

Потребни состојки:

400-500 г брашно

20 г квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

250 мл свежо млеко

2 лажица масло

Состојки за фил:

1 кг свинско или пилешко месо

200 г сланина

3-4 главици кромид

4 црвени печени пиперки

400 г печурки

3-4 лажици соја сос

Малку мелен црвен пипер

Малку црвен пипер

100 г кашкавал

Постапка:

Разматете го квасецот во топло млеко и шеќер. Просејте го брашното и замесете меко тесто од наведените состојки. Оставете да надојде, се додека да се удвои.

Пригответе го филот така што ќе загреете маст во во длабока тава. Исечете го месото на коцки и пропржете ги. Додадете ситно исечкана сланина, после тоа кромид и печурки. Кога ќе омекнат, додадете печени пиперки, соја сос и зачини.

Гответе додека да биде готово. Оставете да излади. Премесете го тестото и обложете го со него дното околу ѕидовите на тепсијата со дијаметар (26-28 см). Убаво намастете со растопениот путер и оставете да надојде околу 15-20 минути.

Наредете го филот и печете во рерна на 200 степени околу 35 минути. На крај одозгора наредете рендан кашкавал. Повторно вратете во рерна уште неколку минути, колку кашкавалот да се растопи.