Младите Јапонци со задоволство го поминуваат времето со повозрасните и не ги сметаат за досадни, туку за извор на мудрост. За возврат, возрасните не им се развикуваат на младите и не ги критикуваат, туку им ја пренесуваат таа мудрост.

Јапонија е земја на која многумина и се воодушевуваат од повеќе причини, а една од најсилните е начинот на воспитување на децата.

Карактерот на луѓето од Јапонија не престанува да го воодушевува цел свет. Сите сме имале пригода да слушнеме колку се упорни, истрајни, како и при секакви ситуации тие остануваат прибрани и имаат чувство за комуникација.

Исто така, познати се и по почитта кон другите и исклучително трудољубивата работа.

Такви се затоа што такви биле и како деца, а такви биле како деца, бидејќи така ги воспитале и на тоа биле учени.

Децата од Јапонија многу се разликуваат од децата на Западот. Умерени се и добро се однесуваат, си ги слушаат своите родители и никогаш не паѓаат во хистерија и немаат напади на бес. Во што е тајната?

ЈАПОНЦИТЕ МНОГУ ГИ ПОЧИТУВААТ СЕМЕЈНИТЕ И ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Блискиот однос меѓу членовите на семејството од различни генерации е нешто што, помеѓу останатото, ги прави Јапонците така посебни.

Таа поврзаност помеѓу старите и младите е засновата на длабоко сочувствување на меѓусебната грижа, каква за жал не може да се види никаде на друго место во светот. Старите луѓе во Јапонија се сметаат за извор на мудроста и заслужуваат посебно внимание и почит.

Од друга страна, старите луѓе имаат многу трпение и љубов за младите. Старите Јапонци се однесуваат како ментори, а не како критичари и спроведувачи на казни. Во тоа лежи клучот на хармонијата помеѓу генерациите.

Јапонците ги ценат и почитуваат своите роднини. Истовремено, имаат големи стриктни граници. На пример, се смета за неприфатливо бабата и дедото да го одгледуваат внучето, затоа што родителите немаат доволно време.

Семејните врски во Јапонија не се засновани на “размена на услуги”, туку на верувањето дека сè на овој свет има свое место.

РАЗБИРАЊЕ НА РОДИТЕЛСТВОТО

Повеќето семејства во Јапонија веруваат дека родителството треба да биде засновано на чувствителност и разбирање. Подигањето на гласот на детето во јапонија е еднакво на сите други, остри казни. Родителите во Земјата на изгрејсонцето веруваат дека со одбегнување на казните всушност децата ги учат да се поврзат со светот и да ги почитуваат туѓите чувства.

Ако детето не е добро, мама и тато го казнуваат со поглед или гест на неодобрување. На тој начин покажуваат дека таквото однесување е неприфатливо.

Фразите како што се “ќе ја/го повредиш” или “ќе се повредиш” се користат за да се укаже на неправилното однесување и последиците, а не туку-така.

Истото правило се применува и за предметите. На пример, ако детето ја скрши играчката, родителите ќе му речат “погрешно постапи”, а не “ја скрши играчката”. Јапонците ја нагласуваат важноста на делото, а не функционалноста на предметот. Затоа децата од рано детство научуваат да бидат свесни за сè во секоја ситуација и водат сметка за сè околу себе.

НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА Е – СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ

Јапонците своето слободно време го поминуваат со децата. Учењето не го сметаат за засебна активност, туку сè прават заедно. Нив најважно им е да изградат силна врска со децата.

Во Јапонија многу ретко се случува мајката да го запише детето во градинка пред наполнети три години. Јапонките ги носат своите деца буквално секаде каде што одат, бидејќи веруваат дека таквата физичка блискост создава и силни врски.

Исто така веруваат дека близината на мајката ја смирува душата на детето. Мајките во Јапонија многу водат сметка доста да разговараат со своите деца.

Односот со таткото, бабата и дедото е многу сличен. Во Јапонија семејствата редовно ручаат и вечераат заедно, разговараат и си прераскажуваат едни на други што им се случило во текот на денот.

Тие семејни приказни на маса често се повторуваат и така на детето му се всадува чувство на припадност и идентите, како и важност од вербална комуникација.

Тоа е главната причина зошто децата од Јапонија не прават сцени. Израснуваат во опкружување каде можноста од непријатно изненадување е сведена на минимум, а љубовта никогаш не им недостига.

Растат свесни дека постои ред на кој треба да се придржуваат, како и тоа дека секој човек има свое место и улога. Тоа им го смирува умот и им помага да сфатат дека нема потреба од агресија.