М-р Мерица Милавиќ Вујковиќ, специјалист по медицинска психологија при Кабинетот за психијатрија во Војномедицинската академија во Белград, советува секојдневно консумирање на медот, бидејќи ја зголемува физичката и психиката кондиција, но посебно влијае врз памтењето.

-Не постои ниеден производ од медоносната пчела кој не е благотворен за лицата со психички проблеми – истакнува Мерица Милавиќ Вујковиќ, специјалист по медицинска психологија, и продолжува:

Медот делува непосредно врз мозокот благодарение на фосфорот, железото и етеричните масла. Ги ублажува невродегенеративните заболувања и невралгиите. Медот помага кај сите состојби во кои активноста на невроните е отежната.

Дали делува и кај анксиозни состојби кои во последно време сè почесто се забележуваат? -Ефикасноста на апитерапијата се заснова и на позитивното влијание кое медот го има врз расположението. Производите од медоносната пчела помагаат и во превенција и во лекување на физичка и психичка напнатост, а на тој начин позитивно влијаат и на симптомите од анксиозноста. Медот ја зголемува физичката и психичката кондиција, но посебно добро влијае и врз памтењето.

На кои загрозени категории од населението им се препорачува медот? -Во експериментот кој бил спроведен врз жени во менопауза, резултатите покажале позитивно влијание на медот туалунга (малезиска тропска билка) врз памтењето.

Целта на истражувањето била проценка на успешноста во памтењето кај жени во менопауза кои консумирале мед, во споредба со жени кои добивале естрогени и прогестерони. Меморијата била проценета со тест содржан од вербално аудитивно учење пред и после терапијата од 16 седмици.

Жените кои јаделе мед многу подобро се присетувале на непосредни настани, меѓутоа немало разлика во успешноста кај одложеното памтење на непосредните настани. Истиот резултат го постигнале и жените со естрогенска и прогестеронска терапија.

Кои состојки на медот поттикнуваат памтење? -Покрај одличната хранлива вредност, медот е добар извор на физиолошки активни соединенија, како што се полифеноли. Да напоменеме дека луѓето чија исхрана е богата со полифеноли, со помош на антиоксидантите кои се наоѓаат во медот, имаат 30% поголема шанса да доживеат длабока старост,

во однос на оние кои внесуваат помали количини од овој антиоксидант. Токму благодарение на полифенолите, медот, на молекуларно ниво, остварува позитивно влијание врз меморијата, но и на анксиолитичко, антидепресивно и антиконвулзивно дејство.

Дали уште некој пчелин производ поволно влијае врз меморијата? – Истражувањата покажуваат дека матичниот млеч позитивно влијае врз благите когнитивни дисфункции. Истражувањата покажале дека долгорочната употреба на матичен млеч влијае врз концентрацијата на невротрансмитерите во мозокот.

На кој начин, кога ќе успееме да се расположиме, можеме да го отстраниме хроничниот умор? -Посебно пчелиниот полен и млечот се истакнуваат како ефикасни во подобрување на концентрацијата и памтењето, а исто така ги елиминираат депресијата и хроничниот умор.

Содржи траги од минерали, витамини, а богат е и со протеини и јаглени хидрати. Се користи за подобрување на меморијата, за подигање на нивото на енергија и работниот ефект.

Како пчелиниот отров делува врз нервниот систем? Пчелиниот отров содржи мала количина на фактор за раст на нервите (NGF), што делумно го објаснува неговото позитивно дејство кај заболувањата кои се карактеризираат со одумирање на нервната активност. Станува збор за апамин, чудотворна компонента на пчелиниот отров кој го изострува умот.