Гинекологот д-р Алекс Ескандер објасни интересни факти за женската физиологија, а за која смета дека сè уште во светот е табу тема, а некои многу важни податоци не се учат во училиште, и многумина од воспитувачите, родителите, па дури и здравствените работници не ги знаат.

Ако и вие сте едни од многуте што се прашуваат зошто на женската долна облека остануваат бледи дамки и после нивното перење, тогаш не сте единствените. Одговорот на ова прашање ни доаѓа од едно многу интересно место во Англија.

Постои интересен музеј во Лондон, „Ва-ина музеј“, прв во светот кој се занимава единствено со претставување и објаснување на женската анатомија и физиологија. Првата изложба беше настан кој се обележа на 16 ноември 2019 година и побуди огромна заинтересираност кај јавноста.

Од овој музеј истакнуваат дека ова е навистина многу популарна тема и дека голем број девојки и жени не знаат зошто долната облека избледува и добива бели дамки кои не излегуваат ниту после перењето на програмот со највисока температура.

Со оглед на популарноста на темата, се чини дека ова е пропуст во образованието, а од музејот истакнуваат дека ова треба што поскоро да се исправи. Тие истакнуваат дена „навистина ништо не нè научија за нашите тела и тоа навистина е неправедно. Многу работи оставија сами да ги научиме и сами да ги сфатиме“, велат од музејот.

„Најчесто тоа незнаење на крај ќе не „изеде“ одвнатре, бидејќи се плашиме дека нешто не е во ред со нас, а од друга страна се чувствуваме непријатно и не сакаме да зборуваме за тоа“ – беше еден од коментарите.

Голем број од жените истакнаа дека се чувствувале неугодно поради својот исцедок и белата дамка која потоа како да ја „изгорела“ ткаенината, бидејќи ниту после перење не исчезнувала. Поради ова, жените си помислувале дека нешто не е во ред со нив или дека се болни.

Меѓутоа, како што истакнуваат од музејот, оваа појава е целосно природна и нормална. „Добиваме многу повратни информации од луѓе кои не знаеле дека вакво нешто може да се случи или зошто тоа воопшто се случува. Бледите дамки на долната облека не се знак за нечистотија или лоша хигиена“, истакнуваат тие.

„Овие дамки се појавуваат кога киселоста на потполно здрава ва-ина помине време со ткаенината, а тоа е особено забележливо кај потемните бои“ – објаснуваат од музејот. Нивото на киселоста варира околу 3,8-4,5 рН во годините кога имате менструација, а нешто е над овие вредности пред пубертетот и после менопаузата.

„Овој исцедок се зголемува во текот на овулацијата и бременоста поради зголемување на цервикалната слуз“ – додаде гинекологот д-р Алекс Ескандер. Во светот во кој не се говори многу за ва-ината, не е изненадувачки што никој не ги пренесува ваквите податоци.

„Ниту во училиште, ниту дома, па дури ни здравствените работници не ги знаат овие факти“, заклучува Зои Вилијамс од музејот за IFLScience. Доколку ве интересира, во продолжение прочитајте и зошто на памучната долна облека треба да и дадете предност, а да ги одбегнувате тангите.

Многу се поудобни. Во оваа категорија, обичната долна облека која ги покрива глутеусните мускули несомнено ги надминуваат тангите. Тие не се „вовлекуваат“, не иритираат и не предизвикуваат болно црвенило.

Идеални за време на мензис. Обичните гаќи овозможуваат максимално чувство на сигурност во текот на менструацијата. Влошките и тампоните се неудобни сами по себе и ниту една жена не сака да ризикува и да се плаши од можна појава на дамка на незгодно и видливо место. Токму затоа обичните гаќички се совршени и претставуваат најудобен модел на долна облека што која било жена може да ги носи за време на менструацијата.

Полесно се одржуваат. Тангите спаѓаат во категоријата на чувствителна облека, па затоа треба да внимавате како ги перете. Тие се ситни, па затоа можат да се „изгубат“ во текот на перењето доколку не ги ставите во посебна мрежичка, но и тогаш не се перат доволно темелно колку што би требало. Обичните памучни гаќички можете да ги перете на сите температури. Белите без размислување можете да ги ставите на вриење, на 90 степени, а можете да ги перете и на пониска температура.

Подобри се за здравјето. Долната облека треба да служи како бариера помеѓу нашите интимни делови и облеката која најчесто е груба и може да предизвика иритација. Поради тоа, обичната долна облека добива уште еден поен плус во однос на тангите.

Имено, тенката лента на тангите се наоѓа на немно незгодно место и постојано е во движење, па така може да дојде до лесен пренос на бактерии до уринарниот тракт. Гинеколозите особено не ги препорачуваат за жените кои имаат чести проблеми со инфекции од овој тип.

Не ја „гушат“ кожата. Обичната долна облека е прозрачна и овозможува да „дише“ кожата. Тангите и останатите примамливи, чипкани гаќички се изработуваат од материјал што не е прозрачен и најчесто е изработен од од синтетика. Тие овозможуваат создавање на голема количина влага која е погодна за развој на инфекции. Обичната долна облека се изработува од чист памук без примеси на синтетички материјал.