Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Колач без печење за 10 минути готов.

чоколаден колач без печење
чоколаден колач без печење

Потребни состојки: 1 кафена лажичка нескафе, 1 кафена лажичка какао, 200 мл врело млеко, 300 г бисквити со какао, 30 г чоколадо. За крем: 80 г шлаг крем во прав, 1 кафена лажичка нескафе, 1 кафена лажиќка какао, 2 супени лажици шеќер во прав, 250 мл ладно млеко.

Во чинија ставете по една кафена лажичка нескафе и какао во прав.
Прелијте со 200 мл врело млеко и промешајте за да се растопат состојките
оставете го млекото на страна да се олади

Постапка: Во чинија ставете по една кафена лажичка нескафе и какао во прав. Прелијте со 200 мл врело млеко и промешајте за да се растопат состојките. Оставете на страна. Во посебен длабок сад за матење ставете две кесички шлаг крем во прав (вкупно 80 г).

Во посебен длабок сад за матење ставете две кесички шлаг крем во прав (вкупно 80 г). Додајте една кафена лажичка нескафе, 1 лажичка какао во прав, 2 супени лажици шеќер во прав и 250 мл ладно млеко
матете неколку минути додека да добиете цврст шлаг крем

Додајте една кафена лажичка нескафе, 1 лажичка какао во прав, 2 супени лажици шеќер во прав и 250 мл ладно млеко. Добро изматете ја смесата со миксер додека да добиете густ крем. Подгответе калап со димензии 25х20 см и 300 г бисквити со вкус на какао.

бисквитите кратко натопувајте ги и редете ги во калапот
исполнете го целото дно

Секоја бисквита кратко потопувајте ја во претходно приготвеното млеко со какао и нескафе и редете како прв слој на колачот. Потоа нанесете 4-5 супени лажици од изматениот крем (третина) врз бисквитите и убаво со шпатула израмнете ја површината.

нанесете третина од кремот и израмнете
наредете втор слој бисквити
распоредете ја втората третина од кремот
…трет слој бисквити…

Повторете ја постапката и наредете нов слој бисквити, претходно кратко натопувани во млекото. Рамномерно распоредете нов слој од кремот и убаво израмнете ја површината. На ист начин наредете и трет слој бисквити и распоредете го остатокот од кремот.

…остатокот од кремот…
израмнете ја добро површината
одозгора изрендајте чоколадо (30 г)
колачот оставете го да преноќи во фрижидер
следниот ден сладете се…

Одозгора изрендајте 30 г темно чоколадо или чоколадо по ваш ивор, па оставете го колачот во фрижидер преку цела ноќ. Следниот ден можете да го сечете и да го послужите. Сите детали од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

…и уживајте во вкусот
чоколаден колач без печење
чоколаден колач без печење