Многу вкусен оброк од состојки кои веќе ги имате во кујната. Доколку некои од наведените состојки ги немате, може да ги изоставите или да ги замените со некои по ваш избор. Зеленчуковата пита е многу вкусна и заситна, одлична за појадок или вечера, а може и за ручек. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 2 јајца, 50 мл масло, 100 мл млеко, 1/2 кесичка сода бикарбона (5 г), 1/2 лажичка сол (4 г), 130 г брашно.

ЗЕЛЕНЧУК: 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 помала главица кромид, 1 домат, 4 зелени млади кромитчиња (или малку праз), магдонос, 10-15 маслинки без семка, 1 компир, 60 г чедар рендан кашкавал, 100 г фета сирење и уште 100 г кашкавал за одозгора

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете две јајца и изматете ги со жица-маталка. Додајте 50 мл масло, 100 мл млеко, половина кесичка прашок за печиво, половина лажичка сол и промешајте за да се растворат состојките.

Во течната мешавина додајте 120-130 г брашно, па уште еднаш добро промешајте со маталката додека да се впие во течноста и да се добие изедначена, хомогена смеса без грутчиња, нешто погуста од онаа за палачинки.

Зеленчукот што планирате да го употребите претходно добро измијте го под млаз вода и оставете го на цедалка. Потоа започнете со сечкање: пиперките исечете ги на тенки ленти, па на коцкички, кромидот и доматот исто така. Доколку немате млад кромид, можете да го замените со праз.

Ситно исечкјате околу една рака свеж магдонос, маслинките на тенки кругчиња, а компирот излупете го и изрендајте го на крупната страна од рендето. Сиот исечкан зеленчук ставете го во тестото, а компирот прво исцедете со раце од вишокот сок.

Во мешавината од тесто и иситнет зеленчук додајте и 60 г рендан кашкавал и 100 г ситно сирење (фета или некое друго). Промешајте со шпатула додека сите состојки да се изедначат.

Подгответе ја тепсијата (30 см) во која ќе се пече питата: намастете ја со путер и масло и наросете ја со брашно, а вишокот истресете го. Потоа излејте ја приготвената смеса и распоредете ја подеднакво.

Израмнете и одозгора наросете 100 г рендан кашкавал. Вака подготвената пита ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Печената пита оставете ја неколку минути да подизлади, па сечете ја и послужете ја. Сладете се во превкусниот зеленчук. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.