Д-Р МАРИО: Овој чај го менува здравјето на очите, спречува катаракта и оштетување

Доктор Марио Лабудовиќ кој во својата долгогодишна пракса своите третмани ги комбинира со природната медицина, овојпат се осврна и на здравјето на очите, па откри еден неверојатно лековит и ефикасен чај кој секој може дома да си го приготви.




„Овој совршан чај би требало сите да го пијат како превенција од оштетување на видот, но можат да го користат и сите оние кои веќе имаат некаков проблем со очите“, вели д-р Марио Лабудовиќ.




„Макуларна де-генерација, катаракта, проблеми дури и со нарушен вид-слепило и слично, се сè почести состојби со кои луѓето се среќаваат во денешниот, модерен начин на живеење, а особено до влошување доаѓа поради лошата исхрана и зголемениот ст-рес.




Денес ќе ви препорачам еден исклучително ефикасен чај, кој според некои истражувања би било совршено доколку можете секојдневно да го користите за општото здравје, а особено за здравјето на очите.




За бобестото овошје се смета дека е најдоброто овошје што воопшто постои, бидејќи се сметаат за најголем извор на нешто што се нарекува антиоксиданси. Токму денес ќе ви го препорачам чајот од боровинки.




Боровинките изобилуваат со витамини и минерали, но особено се добри за здравјето на нашите очи. Преполни се со витамин Ц (14 г во една шолја) кој е клучен во заштитата на нашите очи. Овој витамин е добро познат антиоксиданс кој го спречува лошото дејство на слободните радикали.




Слободните радикали се токму оние кои го предизвикуваат воспалението, не само во очите, туку и во целиот организам. Чајот од боровинки содржат и витамин А кој исто така помага во сочувување на здравјето на очите, а особено помага во лекување на состојбата која се нарекува „суви очи“.




Понатаму, витаминот Е помага во спречување на создавање катаракта, како и во случаи поврзани со дијабетесот. Боровинката содржи и цинк кој е од исклучителна важност за здравјето на очите, но и за зајакнување на имунитетот на целиот организам.




Во секоја аптека, обична или билна, можете да го најдете чајна мешавина од боровинка“, вели д-р Марио и советува да се користи секојдневно. Докторот можете да го слушнете ОВДЕ. Покрај чајот, уште подобро е да се сокот од свежи боровинки.

Мешавината чај содржи исушени плодови и листови од боровинка. Зрнестите плодови од боровинката имаат киселкаво-сладок вкус, по малку остар поради присутните танини, а нивната боја потекнува од пигментот антоцијан.




РЕЦЕПТ 1: 3 лажици сув лист од боровинка (или мешавина) прелијте со 300 мл врела вода. Поклопете и после половина час процедете и пијте го еден час пред или после главните оброци. За најдобри резултати се препорачува трипати во текот на денот, во период од 21 ден, по што се прави пауза од 7 дена.




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г свежи боровинки, 2 кесички зелен чај (или во прав), 500 мл топла вода. Постапка: Пригответе го чајот (3 минути во топла вода, да не е зовриена), па додајте ги бобинките испасирани или исцедени.

Овој сок изобилува со голема количина антиоксиданти и многу е лековит. Секако, пред употреба на секој природен лек, потребно е да се консултирате со вашиот лекар.

Претходна статијаЗДРАВ И ЕВТИН ПОЈАДОК: Вегетаријанска пита која ќе ве воодушеви
Следна статијаКОРЕН ВРЕДЕН КАКО ЗЛАТО: го намалува шеќерот, а се применува 10 дена, одличен лек за дијабетичари