ВКУСНИ ОРИЗОВИ ТОПЧИЊА: Сите гости само за нив збореа…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши ориз (варен)
4 јајца (2+2 за похување)
сол и црн пипер по вкус
магдонос по вкус
150 грама рендана моцарела/кашкавал
по желба 1-2 раце рендана салама/чајна колбасица/пеперони или кулен
3 полни лажици интегрално пченично брашно
1/2 лажица прашок за пециво
лебни трошки (презла) за панирање/похување

ПОСТАПКА:

Во сад ставете го сварениот ориз, зачинете со сол и црн пипер по вкус, 2-3 јајца и сечканиот магдонос. Измешајте добро за да се изедначи.

Количината на јајцата зависи од нивната големина, а кога ќе се додадат сите состојки треба да добиете компактна смеса која може лесно да се обликува со рака.

Додајте ја ренданата моцарела/кашкавал, ренданото сувомеснато, брашното и на крај прашокот за печиво. Овој пат мешајте/месете со раце додека да добиете поцврсто тесто.

Црпете со лажица од тестото и со влажни раце направете мали топчиња.По желба сплескајте го топчето во дланка, ставете мала коцкичка кашкавал (или рендан), па затворете и повторно обликувајте топче.

Или само направете мали топчиња од смесата, валајте ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки (презлата). Пржете ги на врело масло додека да заруменат и исцедете ги на хартиени крпи.