Рецепт на Валентина Машковиќ. Поздрав на сите драги пријатели, почитувани домаќини и домаќинки. Денес ќе ви ја презентирам нашата омилена пита филувана со компир, која има опоен мирис и вкус. Па, доколку сте љубител на „компирача“ или „компируша“ како што некои ја нарекуваат, испробајте го овој рецепт, нема да се покаете.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 1,5 лажичка сол, 250 мл вода. ЗА ФИЛ: 3 главици кромид, 3 црвени пиперки, 200 г суво месо, 1 кг компир, сол, црн пипер, масло. ЗА ПРЕЛИВ: 3 лажици павлака, 50-100 мл масло + 100 мл масло. Питата се пече во загреана рерна на 200 степени, половина час




ПОСТАПКА: Во 600 г брашно додајте 1-1,5 лажичка сол (сол се додава за да се замеси бесквасно тесто) и започнете постепено да додавате вода (на собна температура) додека го замесувате со рака. Водата се додава постепено, бидејќи секое брашно различно впива. Мене ми беше потребно 250 мл.




Тестото е потребно добро да се изработи, па префрлете го на работна површина, сосем малку набрашнете и домесете го додека тоа да стане еластично, средно по мекост и нелепливо на рака. Потоа тестото поделете го на 4 еднакви дела, формирајте топчиња, ставете ги врз набрашнета површина и покријте ги со најлон да одморат 40-45 минути за да се опушти тестото.




За тоа време пригответе го филот: 1 кг компири измијте и излупете, исчистете 3 црвени пиперки и 3 главици кромид со средна величина и околу 200 г суво месо по избор. Сите состојки исечкајте ги колку што можете поситно, а компирите можете да ги изрендате или исто така, да ги исечкате на многу ситни коцкички.




Сите состојки измешајте ги во некој подлабок сад, а потоа зачинете ги со сол (1,5 лажичка сол) и црн пипер (0,5-1 лажичка), 100-150 мл масло за готвење, па убаво соединете со лажица. Подгответе ја работната површина: на масата поставете чаршав за работа и наросете брашно.




Потоа започнете со развлекувањето. Со помош на оклагија или cykaло развлекувајте во тенки кори со тркалезна форма, со големина поголема чинија. Корите редете ги врз набрашнета површина, една врз друга, а наросувајте брашно и помеѓу корите за да не се лепат. Оставете ги вака две минути да одморат, а потоа започнете да ги развлекувате со помош на рацете.




Прстите соберете ги како да држите вода во нив, но обратно, кората треба да го допиpa горниот дел од раката. Започнете од средишниот дел на кората па постепено движете се кон краевите додека кората убаво се истенчи. Потоа спуштете ја кората на чаршавот и довршете го тегнењето. Кората може да виси преку масата, па отстранете ги краевите кои обично остануваат задебелени.




Врз кората наросете од филот, па со помош на кратко подигнување на чаршавот преклопете ја малку кората од сите четири страни, па така ќе добиете четириаголна кора. Со внимателно подигнување на чаршавот од подолгата страна, изролајте ја кората до крај. Корите редете ги во обложен плех со хартија.




Постапката повторете ја со сите останати кори. Одозгора премачкјате ја кората со масло, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Ставете ја да се пече, а за тоа време пригответе го преливот: во еден сад измешајте 3 полни лажици кисела павлака, 50 мл масло и 100 мл јогурт. По желба може да додадете една лажичка црн пипер или лук, ситно исечкан.




Кога питата ќе се испече, одозгора премачкјате ја со приготвениот прелив и в ратете ја во рерна да се допече уште 10 минути, но намалете ја температурата на 150 степени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.