Кога и да ги приготвам овие арапски пици, никогаш не останува ниту трошка. Многу се вкусни, а меки се како памук. За фил обично користиме зеленчук во комбинација со кашкавал и моцарела, но тоа секако може да се менува и секој да си стави намирници по свој вкус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г брашно, 100 мл топла вода, 100 мл топло млеко, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 7 г сув квасец (1 кесичка), 1 јајце на собна температура, 3 супени лажици екстра девствено маслиново масло. За фил: кромид, пиперки во сите бои, кашкавал/моцарела, маслинки, доматен сос, сол, црн пипер




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 100 мл млака вода и 100 мл млако млеко, додајте една кесичка сув квасец (7-10 г), една лажичка шеќер, па промешајте додека убаво да се растворат состојките.




Потоа додајте една лажичка сол, три супени лажици маслиново масло и повторно промешајте. Најпосле додајте една белка од јајце кое претходно отстојало на собна температура. Добро изматете додека да се изедначи смесата.




Потоа додајте го брашното (400 г) и промешајте со лажица или шпатула додека да се впие течноста во брашното, а потоа замесете го со рака. На почетокот ќе биде доста лепливо и меко, но продолжете со месењето додека тоа да стане мазно и еластично.




На крај месете го предиплување и формирајте топка. Тестото е доста меко и меуресто, но веќе не се лепи за раце. Оставете го во некој чист сад, а одозгора покријте го со проѕирна-стреч фолија и оставете го да одмора на топло место околу 45 минути, додека да стаса и да се удвои.




За тоа време пригответе го зеленчукот: измијте го, исчистете го и исечкјате го на ситни коцкички. Измешајте 1 главица кромид, 1 зелена пиперка и 1 жолта или црвена пиперка. Посолете и запиперете по вкус.




Стасаното тесто поделете го на 6 еднакви делови и направете топчиња. На сосем малку набрашнета работна површина, развлечете го секое топче во овална кора, а потоа по краевите наросете рендан кашкавал.




Покропете го кашкавалот внимателно со прстите формирајќи обрач. На овој начин ќе добиете „чамец“ сличен на нашите пастрмајлии. Наредете ги во плех обложен со хартија, па во средината ставете доматно пире.




Филувајте со сечканиот зеленчук, ставете по една маслинка во средината, наросете уште малку кашкавал/моцарела, а краевите премачкјате ги со разматена жолчка + една лажица млеко, и наросете со сусам.




Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, па ставете ги да се печат околу 20 минути или додека да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.