ВИТКАНА ПИЦА: Ова е нешто највкусно што сум јадела во последно време

За сите што правече или јаделе „Влашка“ пита, сигурно им е позната постапката на приготвување, а оваа „Виткана пица“ е нешто слично, само што се филува со состојки кои вообичаено се користат за пица. Секако, секој може да користи и состојки по свој избор. Еве што сè е потребно за да ја приготвите оваа вкусна „Виткана пица“:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл топло млеко (1 чаша), 200 мл топла вода (1 чаша), 100 мл маслиново масло (1/2 чаша), 1 јајце, 1 кесичка сув квасец (10 г), 20 г шеќер (1 супена лажица), 670 г брашно, 1 лажичка сол (8 г).

ЗА ФИЛ: 60 г доматно пире (1 полна супена лажица), 200 г кашкавал (чедар), магдонос, 40 г растопен путер (1 супена лажица) и 1 јајце (жолчка) за премачкување одозгора




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад помешајте млако млеко и млака вода (да не се врели, туку млаки), па додајте масло на собна температура, 1 јајце (на собна температура), шеќер и квасец, па промешајте со лажица или шпатула.




Кога ќе се растворат и соединат состојките, додајте го брашното (постепено или одеднаш) и посолете. Мешајте со лажицата/шпатулата додека брашното да ја впие целата течност и да се добие тесто.




Потоа замесете со рака. Изработете го тестото неколку минути додека да добиете мазно и нелепливо тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да стасува околу 40 минути додека да се удвои.




Стасаното тесто малку премесете го, колку да формирате „векна“, па поделете го на две половина. Формирајте две топки, а потоа со помош на оклагија развлечете две кори со правоаголна форма.




Корите треба да бидат со иста величина затоа што ќе се редат една врз друга. Врз едната кора преку цела површина премачкајте доматно пире.




Потоа одозгора наросете рендан кашкавал и наросете ситно сечкан свеж магдонос, босилек, оригано или нешто по ваш вкус. Кога ќе завршите со филувањето, одозгора внимателно поклопете ја другата кора и внимателно затворете ги краевите за да се залепат горната и долната кора.




Сечете ленти со широчина од 1,5-2 см широчина, а потоа на половина. Одозгора премачкајте со растопен путер.




Потоа поклопувајте по две ленти, притиснете ги на средината со тенко дрвено стапче и држејќи за двата спротивни краеви започнете да ја издолжувате двојната лента истовремено виткајќи ја како да цедите пешкир (погледни видео).




Витканите пици редете ги во плех обложен со хартија. Оставете ги малку да стасаат па одозгора премачкајте со една изматена жолчка. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаВКУСЕН КОЛАЧ СО 3 ЈАБОЛКА ЗА 10 МИНУТИ: Сите потребни состојки веќе ги имате дома
Следна статијаОВОЈ ЛЕК Е ПОДОБАР ОД ПЕНИЦИЛИН: Стар народен лек за астма, воспаление, срце, ишијас..