Како правилно да се исчисти телото и кога е вистинското време за тоа, открива проф. д-р Дејан Чубрило, специјалист за спортска медицина и професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац.

„Кога храната не се вари во дигестивниот систем на правилен начин, таа храна останува во цревата и гние, па како таква е добра подлога за размножување на некои бактерии, габи или паразити во стомакот со што се пореметува балансот на микрофлората.

Микробите сакаат токму таква „валкана“ средина и затоа ова е поволно место за нивно размножување. Поентата не е да се лекува оваа состојба со лекови, туку да се открие на кој начин да се направи внатрешната средина да биде пријатна за нас, а „лошите“ бактерии да немаат услови за развивање“, вели д-р Чубрило.

брило

Заблудите за детоксикација

Детоксикацијата е задолжителна кога некој има висок холестерол и замастен црн дроб. Доколку имате замастен црн дроб, а во модерното време речиси сите патиме од оваа состојба, повеќе или помалку, автоматски имате покачени нивоа на инсулин во кр-вта.

Инсулинот е хормон произведен од панкреасот за регулирање на шеќерот и варењето на храната. Ако нивото на шеќер се зголеми во текот на денот повеќе или помалку, тоа ќе ги зголеми несаканите маснотии во црниот дроб.

д-р Чубрило

Висок холестерол не се добива од исхрана. Ако јадете ќебапи, хамбургери и обилни порции секој ден, ќе предизвикате неправилно варење на храната и интоксикација во организмот. Напротив, зголеменото ниво на инсулин во крвта е она што го замастува вашиот црн дроб. Кој има покачен холестерол, има покачен инсулин и обратно“, вели д-р Чубрило.

Лекарот се осврна и на заблудите за лошиот холестерол

„Лош холестерол, тоа е парадокс! За што служи тoj? На пример, ако имате камион што треба да пренесува стока до одредено место, а таа стока е холестеролот, процесот се одвива преку „ЛДЛ“ лошиот холестерол. А што носи таканаречениот камион? Пренесува материјал за производство на хормони.

Но, овој холестерол не е „лош“, важно е да знаете дека овој холестерол станува опасен кога ‘рѓосува. Ние го нарекуваме оксидиран холестерол или нешто што не може да ја премине границата и да стигне до таму каде што го испративме (да ја заврши работата и да го активира производството на хормони).

Тој холестерол што се наоѓа во тој ‘рѓосан камион ќе застане на одредено место, ќе се залепи и го зголемува ризикот за почеток на една опасна болест наречена артериосклероза.

д-р Чубрило

Д-р Дејан Чубрило открива и која граница на холестерол е прифатлива и што треба да се стори во случај на ограничување или малку покачена вредност

„Јас сметам дека холестерол со ниво што е 6 или 6,5 не претставува опасност. Во овој случај заклучувам дека тој работи напорно односно го стимулира инсулинот во поголема количина. Потоа, им препорачувам на пациентите поголем внес на антиоксиданси и да јадат што е можно повеќе здрава храна, а овошјето и зеленчукот да бидат редовни во нивната исхрана.

Друга работа е контролата на инсулин. Доколку не внесуваме премногу шеќер, не го оптеретуваме панкреасот. Што се однесува до маснотиите, д-р Чубрило препорачува да користите масло во мала количина, помалку од лажичка, само за да ја замрсите храната да добие на вкус, но не повеќе од тоа.

Третата работа е контрола на елиминација на непотребни материи и прочистување на жолчните канали

За да се прочистат жолчните канали, потребно е нешто што ќе ги стимулира истите. Ова може да го постигнете со пиење на добро познатиот напиток. Лекот е во билките, советува докторот. Лимонадата со малку рендан ѓумбир ќе ги прочисти жолчните канали.

Другата заблуда настанува при пиењето свежо цедени сокови, дали е правилно или не?

„Кога консумирате свежо исцедени сокови и пиете по неколку чаши на ден, а тие сокови се претежно направени од разни овошја и зеленчуци измешани во блендер, количеството на инсулин во крвта се зголемува нагло, а вие сè уште мислите дека сте направиле доволен внес на потребните витамини и минерали.

Тука е грешката. Кога наеднаш ќе испиете 500 мл цеден сок, вашиот организам е оптеретен, а нивото на глукоза ќе „скокне“ како да сте направиле резистент – глукоза тест. Доколку пиете во голема количина цедени сокови, во ниеден случај нема да ги стопите масните наслаги, а стимулот за производство на повеќе холестерол и маснотии од црниот дроб значително ќе се зголеми и ќе настане блокада.

Затоа доколку пиете свежо исцеден сок, мора точно да знаете колкаво е количеството на шеќер во него и во која доза го пиете. Сокот мора да содржи диететски влакна, да  има малку маснотии, да го пиете во комбинација со семиња за да се смири овој несакан одговор на панкреасот.

Подобро е да го изедете овошјето свежо, но што ќе направите ако немате здрав желудник кој не произведува доволно ензими за варење на храната? Според д-р Чубрило, проблемите со желудникот претставуваат епидемиолошки проблем во модерниот начин на живот.

Тој вели дека губењето на ензимите се случува поради постојаниот хроничен стрес. Па така, овие ензими исчезнуваат, храната не може да се свари правилно и настанува интоксикација.

„Првото нешто што е забрането во процесот на детоксикација е исфрлањето на маснотии од телото. Не користете ниту маслиново масло, ниту кокосово масло, бадеми, лешници, авокадо. Ако патите од цироза и имате замастен црн дроб, тоа значи дека црниот дроб повеќе не може да се бори и тој е полн со токсини.

За да ја подобрите оваа состојба јадете месо без масло. Подгответе го уште од претходната вечер во вода и оставете го да се крчка со часови, ставете многу зеленчук во тенџерето и подгответе оброк без масло. Исто така од исхраната ифрлете ги јајцата и млекото“, објаснува експертот.

Една од заблудите е дека во процесот на детоксикација мора да се користат чаеви против запек. Д-р Чубрило сликовито објаснува што мисли за тоа:

„Забрането е! Оваа состојба секогаш ја споредувам со една анегдота. Ако чувате истоштено и старо магаре, на крајот веројатно ќе го у-би-ете бидејќи колку и да го форсирате за некоја активност, тоа уште повеќе ќе оболи. Исто е и со мрзливите црева, кои предизвикуваат запек. Цревата во овој случај се затворени, постои опстипација, не работат правилно.

Секогаш запомннете ја оваа анегдота доколку имате опстипација. Билните чаеви ќе ги поттикнат цревата да ја стимулираат својата работа, но таа напнатост со која ќе ги оптеретите е една од најчестите причини за појава на хемороиди и кpвавење. Малкумина знаат за оваа причина, а ова е веројатно и најчестата грешка.

Потребно е да ги „обновите“ цревата, советува докторот. Тоа може да го постигнете со зголемување на енергијата во вашите клетки. Постојат две горива за енергија, едното е шеќер, другото е маснотии (триглицериди).

Кога триглицеридите се ниски, немате енергија. Тие или не се топат или не влегуваат во системот преку цревата. Го немате главното гориво што ги движи цревата и дава енергија. Сè што ви останува е шеќер, што е многу „скапо“ гориво, бидејќи предизвикува други проблеми. Треба да го земате на секои половина час и постојано ќе се чувствувате гладни, така што оваа опција отпаѓа.

Најдобар извор на маснотии е оној што се топи од нашето масно ткиво и се претвора во енергија. Инсулинот го спречува топењето на оваа маст. Контролирајќи го, ќе добиете ослободување на топење на маснотии.

Дали успешната детоксикација значи губење на тежината?

Иако денес сите го прават тоа за да ослабат, успешната детоксикација не мора да има никаква врска со слабеењето. „Успешна детоксикација значи воспоставување нормална функција на дебелото црево. Тоа е прецизната дефиниција. Ако успееме да ги подигнеме цревата од минус фаза во нормала, за да започнат да си ја вршат својата работа, интоксикацијата ќе исчезне.“

Една столица на ден е доволно. Луѓето често ми велат: Докторе, имам неколку столици на ден, имам брз метаболизам. Метаболизмот е одлика на тоа дали имате доволно енергија од она што влегува во вашите клетки преку исхраната. Оние кои имаат енергија, имаат и брз метаболизам, а не оние кои имаат повеќе столици дневно.

Ова е главната болест за која претходно зборувавме, „модерната епидемија“. Настанува бидејќи храната не се вари доволно во желудникот и цревата, па така речиси сè минува низ нив и се исфрла од организмот преку повеќе столици дневно. Ова е вистинскиот причинител за недостаток на ензими во желудникот“, завршува докторот. Деталите од целиот говор на докторот погледнете ги во видеото ОВДЕ.