Кремаст чоколаден колач без јајца…брзо е готов, а одличен

Рецепт и видео презентација на CooKing – Чоколаден колач без јајца, се топи во уста.  Се приготвува многу брзо и лесно, а ќе ве освои со вкусот, едноставно неодолив е. Овој колач сигурна сум, ќе го приготвувате многу често, за секакви пригоди, но за секој ден.

чоколаден колач без јајца
чоколаден колач без јајца
чоколаден колач без јајца

Потребни состојки: 3 шолји брашно, 3 шолји јогурт, 10 г ванилин шеќер (една кесичка), 1 шолја шеќер, 1 шолја масло, 3 лажички какао во прав, 1 лажичка сода бикарбона, 1/2 лажичка цимет, 20 мл млеко. Состојките се мерат со шолја од 200 мл. За приготвување ви е потребен калап со димензии 30х20 см. За чоколаден прелив: 500 мл слатка павлака и 200 г чоколадо.

чоколаден колач без јајца
чоколаден колач без јајца
чоколаден колач без јајца

Постапка: Во подлабок сад во кој ќе го замесите тестото, просејте три шолји (од 200 мл) брашно и додајте една лажичка сода бикарбона (или прашок за печиво) и три лажички какао во прав. По желба кој сака може да додаде и половина лажичка цимет во прав, за арома и вкус.

Во подлабок сад во кој ќе го замесите тестото, просејте три шолји (од 200 мл) брашно и додајте 1 лажичка сода бикарбона, три лажички какао и 1/2 лажичка цимт
секогаш е најдобро кога сувите состојки ќе се просеат за да добиете кремозна смеса
промешајте за да се изедначат

Измешајте ги сувите состојки за да се изедначат. Додајте и 10 г ванилин шеќер (една кесичка) и една шолја (од 200 мл) шеќер кристален. Промешајте уште еднаш. Додека мешате започнете да ги додавате и течните состојки: најпрво во тенок млаз додајте 200 мл масло за готвење.

Додајте и 10 г ванилин шеќер (една кесичка) и една шолја (од 200 мл) шеќер кристален
додајте една шолја масло
додајте 3 шолји јогурт, промешајте и изедначете

Потоа додајте три шолји кефир (или 600 мл јогурт) и добро промешајте со маталката за да се изедначат состојките. На крај ќе добиете погуста смеса која не треба да има грутчиња од брашното. Калап со димензии 20х30 см намастете со го малку масло на дното и ѕидовите.

калап со димензии 30х20 см намастете го
…и набрашнете го

Наросете го со малку брашно и протресете го за да се нафати рамномерно насекаде, а вишокот брашно истресете го. Во вака приготвениот калап (со обрач) излејте ја смесата за бисквитот, протресете малку за да се ослободат евентуалните воздушни џебови и израмнете ја површината.

излејте ја приготвената смеса во калапот
протресете и израмнете ја смесата
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час (проверете со чепкалка). Избоцкајте го бисквитот со чепкалката на повеќе места и погусто за да го впие млекото и преливот. На тој начин ќе добиете сочен бисквит кој се топи во уста.

секогаш е добро да се провери дали е печен колачот. Со чепкалка избоцкајте го целиот бисквит
прелијте го со 20 мл ладно млеко
покријте го со алу-фолија и оставете да впие и да се олади

Откако ќе го ибоцкате, топлиот бисквит прелијте го рамномерно со 20 мл ладно млеко. Оставете го на страна покриено со алуминиумска фолија, да го впие млекото и да се олади. Потоа можете да го приготвите преливот: во тенџере на рингла ставете 500 мл слатка павлака.

пригответе го преливот: ставете 500 мл слатка павлака на умерен оган
загрејте ја павлаката, но не дозволувајте да проврие

Загревајте на умерена температура, но внимавајте да не ви проврие. Штом забележите дека павлаката се загреала, тргнете го тенџерето на страна и додајте 200 г чоколадо искршено на коцки. Оставете некоја минута, па промешајте додека чоколадото целосно да се растопи.

додајте 200 г чоколадо и оставете 2-3 минути да се растопи
добро измешајте и одвојте две кутлачи од смесата, а остатокот ставете го во фрижидер

Добро измешајте за да добиете течна и сјајна чоколадна глазура. Веднаш одвојте две полни кутлачи од овој прелив и оставете на страна да се лади на собна температура. Остатокот во тенџерето поклопете го и оставете го во фрижидер да се олади целосно и да згусне.

изладениот крем извадете го од фрижидер и со миксер изматете го додека да добиете крем

Кремот од фрижидер подозна изматете го со миксер за да добиете убав чоколаден крем. Доволно е да го миксате 2-3 минути. Овој крем рамномерно распоредете го врз целата површина на изладениот бисквит и убаво израмнете (а доколку е потребно пребришете ги ѕидовите).

рамномерно распоредете го врз бисквитот
израмнете…
прелијте одозгора со претходно издвоениот прелив
оставете во фрижидир да се олади 3-4 часови пред послужување

Малата количина од чоколадната глазура што ја оставивте на собна површина, малку промешајте ја и рамномерно прелијте ја врз колачот. Оставете го колачот уште 3-4 часа во фрижидер пред послужување. деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Напомена: Може да користите различни видови од чоколадо, а од нивниот вкус ќе ви зависи и вкусот на колачот.

уживајте во вкусот
колачот се топи во уста
чоколаден колач без јајца
Loading...