Home ТЕСТО Вака ги правам најмеките и воздушести кифли со фил од урда…

Вака ги правам најмеките и воздушести кифли со фил од урда…

Рецепт за воздушни печива со фил од урда. Овој рецепт ќе ве воодушеви со својата едноставност и неверојатен резултат!

Печивата се меки, воздушни и со прекрасна текстура, совршени за секоја прилика.

Комбинацијата од нежно тесто и кремаст фил од урда ги прави идеални за појадок, ужина или посебни моменти со семејството, пишува НМД.

Подгответе се да уживате во вистинско гастрономско задоволство! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 1 јајце
– 100 г шеќер за слатки кифли (за солени кифли: 1 лажичка сол и 1 лажица шеќер)
– прстофат сол
– 500 мл топло млеко
– 80 мл растително масло
– 1 лажичка сув квасец
– 850 г брашно
– 200 г несолена урда или крем сирење (за фил)
– 1 жолчка (за премачкување)
– 1 лажица млеко (за премачкување)
– сусам, шеќер во прав или кокосови трошки (по желба)
– кондензирано млеко (по желба, за декорација)
– НМД

ПОСТАПКА:

Во длабок сад, изматете го јајцето со шеќерот и прстофат сол додека смесата не стане хомогенада се изедначи. Додајте го топлото млеко и растителното масло, па промешајте.

Во смесата постепено додајте го сувиот квасец и половина од брашното (425 г). Мешајте додека да се формира мазна смеса.

Постепено додајте го преостанатото брашно и замесете меко, еластично тесто. Месете околу 5-7 минути. Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го на топло место да стасува 1 час или додека не го удвои волуменот.

Откако тестото ќе стаса, поделете го на 34-36 еднакви делови и формирајте топчиња.

Секое топче раширете го во круг, ставете една лажичка урда преклопете и залепете го со прстите, остатокот исечете го на лентички и свиткајте кифла.

Наредете ги печивата на плех обложен со хартија за печење, покријте ги и оставете ги да одморат на топло место уште 10 минути.

Во мал сад, измешајте ја жолчката со една лажица млеко и премачкајте ги печивата. По желба, посипете ги со сусам или кокосови трошки.

Печете во загреана рерна на 180°C околу 35-40 минути или додека да добијат златно-кафеава боја.

По печењето, оставете ги печивата малку да се изладат. По желба, премачкјате ги со кондензирано млеко и посипете со кокосови трошки за дополнителен вкус.

Послужете ги печивата топли или на собна температура, заедно со чаша млеко, кафе или чај. Уживајте во нивната мекост и неодолив вкус! Добар апетит!

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео прилогот ОВДЕ: