Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

На Цветници младите си го мијат лицето со вода накитена со цвеќе – стар обичај. Обичајот за миење со вода во која има натопено цвеќе потекнува од старословенско верување, пага-низам.

Во чест на пролетта, новата движечка сила, создавачка сила која раѓа и буди после долгата и неп-лодна зима. Се верувало во мо ќта на водата и мо ќта на цвеќето. Се миеле со ваква вода со верување дека лицето ќе стане поубаво, а се миеле и млади девојки и момчиња.

На Цветници некогаш се кителе и бунари, извори на вода. Како и некои други па-гански обичаи, така и ова е преземено од христијанството.

ЦВЕТНИЦИ

Цветници (Цветоносна недела или Врбица) — христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Денот на празнување секогаш е една недела пред Велигден.

Во Македонија овој празник се празнува различно. На пример во гостиварско Зубовце, на овој ден младите невести, девојките и девојчињата со кошници во рацете, одат на прошетка во селските ливади. Берат цвеќиња.

фото: Јутјуб принтскрин

Прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивната фамилија. Прават и една поголема китка за куќата која, по враќањето дома, ја оставаат пред домашната икона.

По берењето на цвеќињата и при правењето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:

Ајде Цвето на цвеќе, Лазаре

Цвеќе да си береме, Лазаре,

Китки да си китиме, Лазаре,

Кому китка по китка, Лазаре,

На Лазара пет китки, Лазаре.

Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат.

фото: Јутјуб принтскрин

На Цветници именден чекаат лицата кои ги имаат следниве имиња: Цветан, Цветко, Цвета, Цветанка, Трендафил, Каранфил, Роза, Ружа, Босилка, Невена, Јасмин, Јасмина, Виолета и други.

фото: Јутјуб принтскрин

Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Според преданието во саботата ум-рел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го вос-креснал. Поради тоа кај народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

фото: Јутјуб принтскрин

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е теш-ко б олен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата с-мрт и по пог-ребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дошол навреме немало Лазар да ум-ре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да ум-ре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да ум-ре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гро-бот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето.

Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица.

Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донеле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.

Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по вос-креснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење вој-ни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.

Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконите овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Вос-креснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото вос-кресенување, но и праобраз на општото вос-кресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето вос-кресение Исус потврдил дека претстои вос-кресение за сите луѓе.

„Значи нема да вос-креснат само праведниците, а греш-ниците да исчезнат, туку сите ќе вос-креснат и ќе се претстават пред Ст-раш-ниот Христов С уд.“

Како што при Рождеството Христово зборуваме за две природи односно за раѓање на Богочовекот, Богомладенецот Исус така и во овие празници, исто така, гледаме дејство на двете природи Божјата и човечката. И тие природи секогаш дејствуват неразделно, односно слеано при што едната ја помага другата.

„Затоа кога Христос ги вршеше Божествените нешта содејствуваше човечката природа, а кога ги вршеше човечките нешта, тогаш содејствуваше Божјата природа. „Светите отци, за да ја прикажат оваа вистина, велат дека секоја природа дејствуваше „преку другата“, т.е. во заедница со другата природа.“

Токму во случајот со вос-крес-нувањето на Лазар се гледа како дејствуваат двете природи. „Хритос како човек заплака за с-мрт-та на Својот пријател Лазар, но како Бог, со Својата Божествена сила го вос-кресна.“

Во евангелските текстови се вели дека Христос двапати просолзил. Еднаш тоа е при веста за с-мрт-та на пријателот Лазар. И со тоа Христос ја покажува својата човечка природа. „Солзите Христови укажуваат на човечката природа, и тоа дека ја примил целокупната природа. Така, Христос и на тој начин покажува дека освен што беше совршен Бог, беше и совршен и целосен човек.“

Во петроградското списание „Живаја старина“ од 1889 година биле опишани обичаите и песните од Галичник запишани од Панајот Ѓиноски меѓу кои и такви што се изведувале на Цветници. „Цветници ја нарекуваме Цветоносна недела, т.е. неделата што е пред Велигден.

Утрината рано помладите невести ќе се променеле во нова облека дотогаш необлечена, „ќе си клает нов сокај и преврзок на глава или на чело и дарпна врзана и заедно со сфекрвите си, ќа си поет в цркоф на причесна. Напред требит да се причестит дете 3-5 годишно, пак по него невестата“, напишал Ѓиноски.

„Ако немат свое дете куќно ќе земет од некоја роднина, а без дете не се причестуват невестата, така гледает. В црков раздавает цвеќа (над кое пејана молитва) на сите, зато се таја недеља наречуват цветна.“

И во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ра-кија и слично.

фото: Јутјуб принтскрин

Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело на цвеќе. „Напред по цвеќе одевме на Цветници во местото што се викат Бука. Таму беревме качунки, петопрс, здравец и други цветќа. После се враќавме назад и се до-пиравме ке чешмата на Ласко-Равен.

Туе ќе си ручавме посно јадење: риба, маслинки и друго. Нестите и дејките ќе го китеа зравецот и другото цвеќе. После ќе пеевме, оро ќе тргаа нестите и ќе си пеа, а мие машките-ергените и младоженците гледавме како играат. И мие машките игравме само ко имаше тʼпан.“