Ова растение со прекрасни цветови потекнува од тропските краеви на Јужна Америка. Има околу 40 видови, а најчесто се одгледуваат 2 вида. Dipladenia sanderi има розови цветови со пречник до 8 cm, a Dipladenia boliviensis има бели цветови со изразено допадлив мирис.

Уште одамна ароматерапијата се користела за намалување на возне-миреноста, нап-натоста и ст-ресот. Денес научниците постојано истражуваат, како различните мириси влијаат врз здравјето на луѓето. Било откриено дека мирисот на јасмин е толку мо-ќен што може да се каже дека дејствува исто толку силно колку и седа-тивите и ап-чињата за спиење.

Профефосот Ханс Хат, од Универзитетот Рур во Бохум, Германија, по спроведените истражувања, открива дека со ароматерапијата се активираат посебни рецептори во мозокот кои делуваат седа-тивно со изразено смиру-вачки ефект, кој би можел да се користи во лекувањето на ин-сомнија и ан-ксиозност.

Мирисот на јасмин е толку мо ќен што дејствува исто како седа-тивите и ап-чињата за спиење!

Добрата вест е што маслото од јасмин не предизвикува секундарни, негатив-ни ефекти како деп-ресија, вртоглавица, слабост во мускулите и наруше-на координација, како што тоа го прават ле-ковите наменети за третирање на овие тегоби.

Научниците сметаат дека мирисот на јасмин може да се користи против ан-ксиозност, воз-немиреност и нер-воза. Освен тоа, се верува дека маслото од јасмин има и многу други позитивни ефекти врз здравјето – помага против замор, мен-струални б олки и ги намалува симптомите на мено-паузата.

Зошто треба да имате дома цвеќе јасмин: ја намалува анк-сиозноста и нер-вната нап-натост, го подобрува располо-жението; ги подобрува когнитивните перформанси и будноста; го подобрува квалитетот на спиењето; ги балансира хор-моните; третира промени во располо-жението; го зголемува либи-дото

Собен јасмин (Jasminum Polyanthum)

Jasminum polyanthum или собен јасмин е еден од многуте видови јасмини, погоден за собно одгледување во наши услови. Потекнува од западна Ки на.

Во земјите каде што климата дозволува, може да се одгледува и во градината. Расте многу брзо и има силни ароматични бои. Цути на крајот од зимата и почетокот на пролета. Во саксија достигнува до 1 метар, каде задолжително треба да му се обезбеди потпора на растението за да добие компактна форма.

Пуп-ките на собниот јасмин се розови и бели, а мирисот на цветовите е силен и опо-ен. Место: собниот јасмин би се чувствувал идеално на источен прозорец каде каде благопријатно ќе му делува сонцето кое не е премногу силно. Оптималната температура за одгледување е 10-20° Ц.

Нега: Растението сака многу вода во периодот од април до септември. Во жешките летни денови потребно е дури и наводнување по двапати дневно. Собниот јасмин сака воздушна влага и наросувањето на листот би му делувало благопријатно. Во зимскиот период наводнувањето е поретко, односно се полива дури кога почвата ќе му се исуши.

Раз-множување: се размножуваат со семе и резанки. Искуството на поголем број луѓе сугерира дека размнож-увањето преку семка е полесно и побрзо. За да се формираат добри коренчиња од резанката потребни се дури 2 масеци. Откако ќе порасне добар коренест систем, билката се пресадува.

Совет за градинари: За да формира пупки и да ве израдува со бујно расцутување, собниот јасмин има потреба од период на „застудување“. Отсуството на период на „застудување“ е главната причина поради која ова прекрасно мирисно растение понекогаш не расветува.

Бра-зилски јасмин (lat. Dipladenia)

Бра-зилскиот јасмин е ползавец, па затоа треба да му обезбедите потпора како решетка, ѕид, греда или нешто слично. Може да порасне до 3 метри. Листовите му се со изразено зелена боја, овални со заши-лен врв, кожести и растат по два долж стеблото. Цветовите се трубести најчесто розови, но може да бидат и во бела, жолта или црвена боја и траат околу две недели.

Се одгледува во градината и во топлите краеви може да презими и надвор. Со правилно орежување се одгледува и како грмушкасто собно растение. Почнува да цвета на пролет, но најмногу цветови има во текот на жешките летни месеци. Има потреба од многу светлост, но не смее да биде изложено на директно сонце.

Полевајте го три пати седмично во текот на летото, најдобро со млака вода, а во зима доволно е еднаш седмично. Ако за кратко време порасне премногу, треба да го пресадите.

Ако му обезбедите соодветна нега ќе успеете да го сочувате и следната година. Во доцна есен пресадете го во поголема саксија и сместете го во потопол простор од надворешниот, но да не се грее. Идеално би било да го сместите во подрум.

Се размножува со резници кои откако ќе ги одрежете треба да ги потопите во топла вода. Потоа ставете ги на песок или камчиња за да се зголеми влажноста, а да не бидат во директен контакт со вода.