Откако ќе ги разберете овие 3 вистини, нема повеќе разочарување. Ви пренесуваме 3 вистини за мажите според психологот Викторија Кристи.

Еве за што се работи:

1. Ако сте во врска со години, а тој не ви предлага брак – вашата врска нема иднина

Со години сте во врска и тој никогаш не сака да зборува за вас како за пар. Штом ја започнете темата за заедничка иднина, тој го менува текот на разговорот. Да, веројатно му се допаѓате, но не доволно за да се ожени за вас. Тој е во врска со вас додека не дојде вистинската. Сфати го ова навремено и продолжи понатаму.

2. Ако навистина му се допаѓате, ќе се погрижи тоа да го увидите.

Ако не ви се јавува долго време или не ви дава до знаење дека треба да се видите – не ве сака, не му се допаѓате. И најсрамежливиот маж ќе направи чекор напред, ќе направи сè за да ви даде до знаење дека му се допаѓате, на некој начин да ви се доближи, да ве освои, да те „резервира“ за себе…

Ако не направи ниту еден чекор во таа насока – едноставно не му се допаѓате и не треба да си го трошите времето чекајќи го.

3. Ако ви каже „не сакам сериозна врска во моментов“ значи „не сака врска со тебе“

Ако мажот моментално не е во врска затоа што „има криза во државата“, затоа што „сте премногу млади за да се врзувате“, затоа што „не завршил факултет“, затоа што „не нашол работа“ – тоа значи дека тој едноставно не е подготвен да преземе одговорност.

Тажно е и болно да го сфатите тоа, но ако вистински ве сакаше ќе беше подготвен на сè и покрај сè – едноставно.

Уште некои сурови вистини за мажите:

*Ако ве навреди – тоа не е неговиот карактер, тоа е затоа што не ве почитува. *Ако за сè ве обвинува, се жали за секоја ситница, тоа не значи дека пребирлив и ситничар – тоа значи дека не ве прифаќа такви какви што сте.

*Ако не ви дава комплименти и никогаш не ви подарува цвеќе, тоа не значи дека е приземна личност, туку дека не сте му толку важни или вредни за да потроши пари за вас, а ниту на емоции.

Дури и многу скржав човек ќе даде неколку убави зборови, бидејќи комплиментот не чини ништо. Ако му се допаѓате на мажот, тој ќе се погрижи да го разберете тоа и нема да имате потреба да ги толкувате и оправдувате неговите постапки.