Јелена повторно врз себе испроба нов популарен рецепт за кој се тврди дека помага во намалување на брчките и темните дамки од лицето, а покажува одлични резултати. Социјалните мрежи се преплавени со секакви „магични“ средства, но ретко кој од нив дава вистински резултати.

Јелена се чини дека ги испробува оние за кои мнозинството споделиле позитивни искуства, па вели дека од овој рецепт многу се изненадила и не го очекувала она што следело уште после првото нанесување:

„Не знаев за ова, но резултатите се неверојатни. Ги отстранува брчките и дамките од лицеот и тоа во многу краток период. Неверојатна маска…јас ја испробав и веќе после првата апликација не можев да верувам кожата колку ми стана мека, еластична и сјајна, а брчките помалку видливи..“, вели таа во својата презентација.

„Не знаев дека салицилната киселина содржана во аспиринот има моќ да ги елиминира сите неправилности на кожата кои се јавуваат со првите знаци на стареење, а тоа се брчките и темните дамки.

Оваа маска не се препорачува за луѓе кои се алергични на состојките што ги содржи аспиринот. За да ја подготвите маската потребни ви се 4 таблети аспирин кои треба да ги сомелете во фин прав.

Дали ќе ги иситнете со дното на некоја чаша или во блендер или нешто слично, тоа останува на вас, но важно е да нема крупни парчиња и да биде фин прав.

Правот од аспирин ставете го некој сад и помешајте го со 1 супена лажица цврст јогурт (кој исто така, има осветлувачки својства врз кожата) или кисела павлака. Потоа додајте 1 супена лажица мед и сето добро измешајте го додека да се изедначи.

Се користи 2-3 пати месечно. Се нанесува навечер на чиста кожа од лицето, вратот и деколтето, па се остава да делува 20-30 минути. При нанесувањето малку се масира кожата со нежни кружни движења.

По отстојувањето се плакне со млака вода, се брише со нежна крпа, а потоа се нанесува вообичаениот ноќен крем кој редовно си го користите. Оваа маска можете да ја користите и за други делови од телото, како што се рацете на пример. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.