Тенки и меки палачинки…Не се лепат, а излегуваат тенки како лист хартија…Најдобар рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
500 мл млеко
500 мл вода
80 мл масло
1/2 лажица сол
400 г брашно
ПОСТАПКА:
Јајцата изматете ги со течните состојки, посолете, а на крај додајте го брашното и изматете со миксер додека да добиете еднолична смеса без грутчиња. Оставете да отстои 10-тина минути.
Палачинките печете ги на вообичаен начин: загрејте нелеплива тава со малку масло, сипете една кутлача тесто да се распореди рамномерно и печете неколку минути, па превртете и допечете. Постапката погледнете ја ОВДЕ: