Домашно лепче со маслинки како од пекарница – меко, миризливо и неодоливо
🫒🍞 Домашно гурманско лепче со маслинки – меко однатре, крцкаво однадвор
Ако барате совршено домашно лепче што мириса на медитеранска кујна и изгледа како од врвна пекарница, овој рецепт е вистински избор.
Комбинацијата од маслинки, свеж копар и црвена пиперка создава богат вкус, додека техниката на ферментација обезбедува меко и воздушесто тесто.
Идеално за појадок, мезе или како прилог со гурмански оброци, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🛒 Потребни состојки:
* 1 кг брашно
* 600 мл млака вода
* 6 г свеж квасец
* 2 лажички сол
* 2 лажици маслиново масло
* 100 г маслинки (сечкани)
* 1 црвена пиперка (ситно сечкана)
* малку свеж копар (сечкан)
* НМД


👉 По желба за премачкување (може и без додатоци):
* 1 жолчка + 1 лажица млеко
👉 За посипување (по желба):
* сусам, ким или рендан кашкавал


👩🍳 Постапка:
1. Во длабоко тенџере или сад, додајте го квасецот во млаката вода и кратко промешајте додека да се раствори.
2. Додајте го брашното и солта, па замесете меко тесто.
3. Кога тестото ќе стане компактно, сипете маслиново масло и продолжете со месење додека да стане мазно и еластично.
4. Покријте го тестото и оставете го да ферментира додека да го удвои волуменот.
5. Премесете го и оставете го уште еднаш да нарасне (вториот пат процесот е побрз).
6. Тестото истресете го на намастена работна површина и нежно развлечете го во долгнавеста кора.
7. Посипете со сечкани маслинки, пиперка и копар, па лесно притиснете за да се залепат.
8. Исечете на 5 ленти и секоја лента засучете ја спирално.
9. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
10. По желба, премачкајте со жолчка и млеко и посипете со сусам, ким или кашкавал.
11. Оставете да одмори околу 15 минути додека рерната се загрева.
12. Печете на 180°C околу 35–40 минути, додека да добие златно-кафеава боја.
💡 Корисни совети :
* За подобра текстура, користете квалитетно брашно со повисок процент на протеини.
* Маслиновото масло со ладно цедење дава поинтензивен вкус и арома.
* Овој рецепт е одличен за комбинирање со домашни намази, сирења или гурмански салати
* Рецептот погледнете го ТУКА.





































