Home закуска СОВРШЕН ГУЛАШ СО ЈУНЕШКО МЕСО…Толку е меко и вкусно, се топи во...

СОВРШЕН ГУЛАШ СО ЈУНЕШКО МЕСО…Толку е меко и вкусно, се топи во уста…Прсти да излижеш!

СОВРШЕН ГУЛАШ СО ЈУНЕШКО МЕСО…Толку е меко и вкусно, се топи во уста…Прсти да излижеш! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1400 г јунешка плешка
1 кг кромид
2 чешниња лук
150 мл доматен сос
масло
сол, црн пипер, сув зачин
2 лажички црвен пипер
200 мл вода

По потреба, ако густината не е добра, можете да додадете 1 лажица скроб/нишесте/густин или брашно разматено во малку вода.

ПОСТАПКА:

Пропжете го кромидот додека да омекне, па додајте го месото исечено на коцки и динстајте го додека да ја пушти течноста. Поклопете и динстајте на намалена температура со повремено промешување. Зачинете по вкус и динстајте 45 минути.

Кога течноста ќе испари и бојата на месото ќе се промени, додајте испасирано лукче, црвен пипер, доматен сос и вода. По потреба зачинете ако е потребно. Поклопете и динстајте на тивко 1 час. Постапката погледнете ја ОВДЕ: