Home ТЕСТО Ако сакате да направите КРОФНИ КАКО ОД ПЕКАРНИЦА, Еве ви го рецептот,...

Ако сакате да направите КРОФНИ КАКО ОД ПЕКАРНИЦА, Еве ви го рецептот, запишете си го…Не можете да погрешите…

Ако сакате да направите КРОФНИ КАКО ОД ПЕКАРНИЦА, Еве ви го рецептот, запишете си го…Не можете да погрешите…

Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

700 г меко брашно
200 мл топло млеко
20 г свеж квасец (или 7 г сув)
6 лажици шеќер
1 јајце
2 жолчки
50 г путер
кора од еден лимон
арома на рум или една лажица рум
200 мл газирана (минерална) вода

ПОСТАПКА:

Во брашното се брави бунарче кое се полни со шеќер, млеко и квасец. промешајте и оставете 10-тина минути да се активира квасецот.

Потоа додајте ги претходно изматеното јајце со жолчките, растопениот путер, ситно рендана кора од лимон, арома од рум и газирана вода. Добро промешајте во компактно тесто и оставете да отстои 15 минути.

Потоа истресете го на набрашнета површина и добро измесете го додека да се измазни. Вратете го во садот и оставете го покриено да ферментира 45 минути. По изминатото време нежно премесете го и поделете го на 20 топчиња од по 65 г.

Секое топче поставете на парче хартија. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 45 минути.

Загрејте околу 500 мл масло и кога е многу жешко (но не да гори), намалете ја температурата на околу 8 од 10 (или друга поставка во зависност од мерачот на вашиот шпорет) и спуштајте ги крофните заедно со хартијата, во врелото масло.

Поклопете со капак и почекајте крофните да поруменат од едната страна. Превртете ги и испржете ги и од другата страна.

Хартијата можете да ја извадите веднаш откако ќе се одвои крофната од неа или можете да ја оставите во маслото додека се пржат крофните. Потоа извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

Повремено бришете го капакот бидејќи на него ќе се собира пареа, која откако ќе се претвори во вода, не треба да капе во вашето масло. Откако ќе ги испржите сите крофни, наполнете ги со посакуваниот фил и посипете ги со шеќер во прав.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: