Со комбинација од два теста, во оваа лабораторија се открива акутна или прележана инфекција од К-19

Во биохемиската лабораторија при клиниката Жан Митрев се изработува имунолошки, односно серолошки тест за квантитативно одредување на IgG антитела кон вирусот Sars-CoV-2 преку крв.

Во генетската лабораторија веќе се работи на PCR тест за детекција на вирусот преку земен брис. Молекуларниот тест покажува присуство на акутна инфекција, а новиот серолошки тест покажува прележана инфекција.

Овие тестови се надополнуваат еден со друг и со нивно комбинирање е забележана осетливост повисока од 99%.

Loading...

Од клиниката на Жан Митрев известуваат: ИМУНОЛОШКИОТ ТЕСТ ЗА КВАНТИТАТИВНО ОДРЕДУВАЊЕ на  – IgG АНТИТЕЛА КОН SARS-CоV-2

Почитувани,
Ве информираме дека во нашата лабораторија се изработува ИМУНОЛОШКИОТ ТЕСТ ЗА КВАНТИТАТИВНО ОДРЕДУВАЊЕ на  – IgG АНТИТЕЛА КОН SARS-CоV-2 преку крв.
Во нашата генетска лабораторија веќе се работи  МОЛЕКУЛАРЕН Real time RT-PCR тест за ДЕТЕКЦИЈА НА ВИРУСОТ SARS-CоV-2 од брис.

Комбинацијата на овие два теста дава целосна и реална слика за случувањето во организмот на човекот, така што имунолошките и молекуларните тестови се надополнуваат едни со други. Но мора временски да се внимава кога се прават молекуларните, а кога серолошките тестови.

Бидејќи ако се направат прерано можат да покажат негативен резултат, а пациентот всушност да е позитивен. Времето на изработка е многу важно  за правилно користење и на молекуларните и на серолошките тестови.

Со помош на мерењето на концентрацијата на антителата, се добива увид во тоа дали организмот бил во контакт со вирусот и каков е имунолошкиот одговор на организмот во борбата со овој вирус.

Имунолошкиот тест кој се работи во нашата лабораторија е CЕ-сертифициран, одобрен од фДИ  , се наоѓа на листата на предложени тестови од WHO  и регистриран е во нашата држава.

Се работи на целосно автоматски имунолошки анализатор. За разлика од брзите тестови, резултатот кој се добива со овој тест е точна, нумеричка концентрација на присутните антитела, а тестот има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

Специфичност и сензитивност- тоа е клучната мерка според која се вреднуваат серолошките тестови. Колку е повисок процентот на   специфичност и сензитивност на еден тест ,толку е и поголема веродостојноста на резултатите кои ги добиваме.

Со што повисока специфичност и сензитивност се постигнува  да има што помалку лажно позитивни и што помалку лажно негативни резултати. Тестот  кој ние ги користиме има специфичност   99.90%. и сензитивност 100% откако ќе изминат барем 14 дена од првиот PCR позитивен резултат или 17 дена после појава на првите симптоми  што се одлични проценти за да можеме да веруваме во резултатите од овие тестови.

Мерењето на концентрацијата на IgG антителата имаат важност кај:

➢ ОТКРИВАЊЕ НА АСИМПТОМАТСКИ ПАЦИЕНТИ
➢ СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА
➢ СЛЕДЕЊЕ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПОПУЛАЦИЈАТА НА ВИРУСОТ (пр.здравствени работници)
➢ МОЖНОСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАЗМА ЗА ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ ОД ПАЦИЕНТИ СО ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Loading...