Светиот Јосиф потекнувал од родот на царот Давид. Од првиот брак тој имаше четири синови и две ќерки. Откако стана вдовец, светиот Јосиф живееше во строго воздржание.

На осумдесетгодишна возраст беше избран од Првосвештениците да биде чувар на девството на Пресвета Богородица, давајќи завет на безбрачност.

За воплотувањето преку неа на Синот Божји му беше јавено од Ангел. Светиот Јосиф беше присутен при поклонувањето на пастирите на Новородениот Младенец и при поклонувањето на магите.

По укажување на Ангелот, тој побегна, заедно со Божјата Мајка и со Богомладенецот Исус во Египет, спасувајќи ги од гневот на царот Ирод. Во Египет тој живееше со Богородица и со Богомладенецот, заработувајќи за нивното издржување со дрводелие. Се упокои на возраст од околу сто години.

Свети Јосиф бил човек на молитвата. Одиграл извонредна улога во историјата на спасението. Бил свршеник на Марија, Мајката Божја, и со тоа очув на Исуса, Синот на живиот Бог. Он е тој кого Исуса го научил да зборува и да се обраќа на Бога со зборот „Abba“ што значи „Татко“.

Во одредена смисла, свети Јосиф го научил Исус како да се користи со човечките зборови за да му зборува на небесниот Отец – а тоа е молитвата. Така, ако свети Јосиф го научил Исуса како да се моли, колку ли само може во тоа нам да ни помогне ако го замолиме.

-Свети Јосифе, научи ме да се молам!

“О, Свети Јосифе, чија заштита е толку огромна, толку силна, толку моќна пред Божјиот престол, тебе ти ги предавам своите потреби и желби.

О, Свети Јосифе, помогни ми со Твоето моќно посредство и измоли ги за мене сите духовни благослови преку Исус Христос, нашиот Господ, а јас под небесната сила ја давам мојата бескрајна благодарност и почит.

О, Свети Јосифе, никогаш нема да се уморам гледајќи го Исус како спие во твоите раце. Не се осмелувам да му пријдам додека одмора во близината на Твоето срце. Прегрни го во мое име и бакни ја Неговата нежна Глава од мене, и замоли го да ми го возврати овој бакнеж кога ќе го вдишувам последниот здив.

Свети Јосифе, заштитнику на смртноболните, моли се за нас. Амин.”

Оваа молитва на св.Јосиф е пронајдена 50 години после Исусовото раѓање. Во 1505 година Папата оваа молитва му ја испратил на царот Карл кој тогаш одел во битка. Преданието вели дека оној кој ќе се моли според оваа молитва нема да го изгуби животот ненадејно, без простување на гревовите, и дека оние кои се молат нема да пропаднат во рацете на непријателото, ниту ќе бидат поразени во животните битки.

Исто така, според преданието, сè уште не било забележано дека некому не му биле услишани молитвите. Молитвата се моли девет дена наутро, без прекини, континуирано.