Експертите велат дека лубеницата е здрава, но мора да се консумира во умерени количини. Д-р Павлова смета дека луѓето честопати претеруваат во количините и на тој начин си наштетуваат.

-Тие мислат дека лубеницата, јаболката и бобинките се овошје кое се содржи само од вода и витамини. Меѓутоа, во меѓувреме од истата таа “вода” качуваат поприличен број килограми.

Имам и такви пациенти кои се здебелиле од држење на диета, јадејќи само лубеница.

Мора да знаете една работа: овошјето, покрај водата и витамините, содржи и многу фруктоза (шеќер). Вишокот фруктоза предизвикува имунитет на два важни хормони, а тоа се на лептинот – хормон на масното ткиво и инсулинот – хормон на панкреасот. За возврат доведува до постојано зголемување на имунитетот.

Тое е еден магепсан круг – тврди Зухра Павлова, ендокринолог од Универзитетската болница во Москва.

Едно парче лубеница овозможува 25% од дневните потреби за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага за апсорпција на железото, за одржување на здравјето на сврзното ткиво на кожата, имунолошките функции и заздравување на раните.

Овој витамин содржи и антиоксиданти, па спречува оштетување на клетките преку неутрализација на слободните радикали – молекули за кои се верува дека се поврзани со стареењето и појава на одредени болести.

Постојат сè повеќе докази дека луѓето кои јадат доволно овошје и зеленчук за да ги задоволат дневните потреби за витамин Ц, имаат постабилен крвен притисок за разлика од оние кои не ги јадат доволно овие важни намирници.

ИЗГРАДЕТЕ СИЛЕН ИМУН СИСТЕМ

Лубеницата има многу витамин А кој игра важна улога за здравјето на очите, растот на коските, репродукција и делба на клетките.

Витаминот А е од витално значење за многубројни други функции, вклучително регулација на имуниот систем и производство на лимфоцитите. Едно парче овозможува 30% од дневните потреби.

МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ НА ЗДРАВ НАЧИН

Бидејќи во многу земји и повеќе од 60% од возрасната популација имаат прекумерна тежина или се дебели, се зголемува ризикот од хронични болести. Ако сакате да ги намалите фактор-ризиците, тогаш имајте во предвид дека едно парче лубеница има само 40 калории. Вкусното овошје е со ниска калорична вредност, но богато со хранливи материи.

ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат најмалку три оброци овошје и зеленчук дневно, помалку подлежат на ризик од мозочен удар, за разлика од луѓето кои јадат само една порција дневно.

Со оглед на тоа што лубеницата е многу хранлица, а организмот не го оптеретува со масти, грицкајте ја наместо чоколадни и солени грицки. Но, не претерувајте.