Со 1 јајце ги правам овие брзи и многу вкусни мини палачинки за појадок или ужина…Излегуваат цел куп! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г брашно
1 јајце
3 лажици шеќер
3 лажици масло
10 г прашок за печиво
80 мл млеко
125 г цврст јогурт со вкус на кокос (или кисела павлака)

ПОСТАПКА:

Јајцето изматете го со шеќер и масло, па додајте млеко, цврст јогурт и соединете со жица. На крај додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и мешајте додека да добиете хомогена смеса без грутчиња.

Во загреана нелеплива тава премачкана со масло сипувајте по една лажица од тестото во калапчиња ако имате, но не мора. Пржете ги по неколку минути од двете страни на умерена температура. Постапката погледнете ја ОВДЕ: