Вкусна и слатка смеса за подобрување на имунитетот.

Потребни состојки:

100 г суви сливи, 100 г суви кајсии, 100 г суво грозје, 100 г брусница, 100 г бадеми, 150 г ореви, 100 г сусам. По желба можете да додадете и суви смокви, лажица мелено ленено семе… 2 лимони со средна величина (непрскани), голема тегла мед и уште една тегла за готовиот производ. Состојките се посебно одбрани за деца и прилагодени за нивен вкус

Постапка:

Сусамот го мелеме во мелница за кафе, а останатите состојки ги мелеме во машина за мелење месо. Ако се прашувате дали може да се направи на сечко или во блендер, за жал, одговорот е не.

Јас се обидував и со едното и со другото, ни ниту еден кујнски апарат не можеше да ја замени добрата стара машина за мелење месо.

Сите состојки добро ги мешаме право “на суво”, а потоа додаваме мед, цела количина и сето добро го мешаме до изедначување, што порамномерно за да се соедини.

Наполнете ги теглите со вака добиениот мед и оставете ден-два на темно место да “созрее”, односно состојките добро да го впијат медот. Потоа се чува во фрижидер.

Дозирање: за деца постари од три години: 1 лажичка двапати дневно. За возрасни: 1-2 супени лажици трипати дневно.