Фото и рецепт: Родна Трпеска

Потребни состојки:

500 мл млака вода

500 мл јогурт или кисело млеко

1 квасец

2 мали шолјички масло

1 лажица шеќер

2 лажички сол

2 жолчки

1 цело јајце

1 ½ кг брашно (по потреба +-)

Постапка:

Се замесува тестото со активиран квасец, па се остава да кисне. Потоа се прават лајбички, се редат во наместен плех, се оставаат повторно да киснат. Се мачкаат со белка, се наросуваат со сусам, и врз нив се става по малку путер или маргарин.

Се печат околу половина час убаво да се вцрват на 200 степени, зависно од шоретот.