Home Рецепти Најдобриот рецепт за домашна проја со пченкарно брашно и сирење

Најдобриот рецепт за домашна проја со пченкарно брашно и сирење

Брза и мека проја со сусам: Идеален рецепт за појадок или вечера

Здраво на сите, овој златен рецепт за проја не пропуштајте го!

Многу брзо се приготвува од само неколку состојки, а во комбинација со сирење или кајмак, феноменална е за појадок, вечера или предјадење. Оваа вкусна проја останува многу мека дури и до следниот ден.

Потребни состојки:

4 јајца,
1 лажичка сол,
400 мл јогурт,
100 мл масло,
250 г пченкарно брашно,
1 кесичка прашок за печиво и
200-250 г тврдо сирење по избор

Постапка: 

Во еден подлабок сад ставете четири јајца. Додајте една полна кафена лажичка сол и изматете ги со жица за матење.

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, бидејќи рецептот е навистина брз и се приготвува за многу кратко време.

Во изматените јајца додајте 400 мл јогурт, 100 мл масло, просеано 250 г пченкарно брашно и една кесичка прашок за печиво.

<

Промешајте убаво за да се соединат состојките да се добие смеса која е малку погуста од онаа за палачинки.

Во смесата издробете околу 200-250 г сирење кое малку е потврдо за да може полесно да се дроби и да не се стопи целосно по печењето.

Промешајте да се изедначи и излејте ја во огноотпорен сад претходно намастен и набрашнет со пченкарно брашно (или користете некоја помала тепсија).

Одозгора наросете сусам по желба и ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу 30 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: