Валентина Машковиќ во својата најнова видеопрезентација сподели многу вкусен рецепт за диетално јадење со тиквички и уште неколку намирници. Се прави брзо, лесно и многу едноставно, а покрај сѐ, нема да се чувствувате гладни, но сепак ќе ги намалите килограмите. Таа вели дека го води овој режим на исхрана веќе 2 месеци, и за тој период ослабела 17 кг.

„Веќе сум 2 месеци на овој начин на исхрана. Ослабев повеќе од 17 кг. Не мислам дека водам некоја строга диета, само го менувам начинот на исхрана“, вели Валентина која доби многу пофалби дека е видно ослабена. Таа посочи дека има неколку рецепти кои често ги подготвува за овој режим на исхрана, а ова јадење е едно од нив.

„Ова јадење ќе ви помогне да го намалите внесот на масти во телото, а покрај тоа ќе ги внесете сите потребни нутриенти со што ќе ги намалите килограмите“, посочува Валентина. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 помали главици кромид, 3 перциња свеж млад кромид, 2 моркови, китка магдонос, 3-4 лажици овесни снегулки, 500 г мелено месо, 1 јајце, сол, црн пипер, куркума или кари, 4 тиквички околу 1,5 кг, 200 мл сос од домати, 100 г моцарела.

ПОСТАПКА: На една кујнска даска исечкајте ги главиците кромид на многу ситно. Истото направете го и со излупениот морков и празот. Доколку ви е полесно, сите намирници исечкајте ги во блендер, претходно исечени на средни парчиња. Јас ги сомелив во блендер, бидејќи е поголем, па можам сѐ да ставам одеднаш.

Доколку зеленчуците ги сечкате во блендер, пред блендирањето додајте 3-4 лажици мелени овесни снегулки, а ако сечкате на рака, измешајте сѐ отпосле во подлабок сад. Во блендер, се добива фина густа смеса која лесно се меша со останатите состојки. Откога сѐ ќе изблендирате, додајте го месото (јас сомелив пилешко месо) и 1 јајце.

Повторно сѐ соединете, па зачинете по вкус со сол, црн пипер и куркума или кари. Соединете, па пренесете сѐ во подлабок сад. За ова јадење не ви треба масло. Потоа, подгответе си ги тиквиците така што ќе ги исечете на тенки листови. Јас тоа го направив претходно, малку ги посолив и ги оставив да отстојат приближно 2 часа за да омекнат.

Подгответе си еден подлабок сад, па дното премачкајте го со доматен сос. Земете една тиквица и премачкајте ја одозгора, врз целата површина на тиквицата. Завиткајте ја тиквицата во ролат, со шпатула израмнете ги страничните делови и на овој начин редете во садот со доматен сос.

Доматниот сос може да се замени и со малку маслиново масло, но не мора да има прелив на дното. На овој начин подгответе ги сите тиквици, со филот свртен нагоре. Јас ги нарекувам „сармички.“ Врз тиквиците излејте 50 мл доматен сос за да не ви загорат бидејќи нема масло. Печете во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.

Потоа, наросете со рендана моцарела и вратете во рерна уште 5-10 минути за моцарелата да се растопи. Деталите погледнете ги ОВДЕ.