РЕЦЕПТ ШТО НЕ СЕ ПРОПУШТА…Млечен леб мек како душа, вкусен и мирисен…го јадеме како КОЛАЧ, толку е вкусен…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

240 мл (1 чаша) топло млеко
75 г (¼ чаша) кондензирано млеко
1 јајце
30 г (2 лажици) шеќер
7 г (2 ¼ лажиче) сув квасец
520 г (4 ¼ чаша) брашно
1 лажичка сол
50 г (¼ чаша) путер, омекнат
45 г (3 лажици) путер
45 г (3 лажици) кондензирано млеко (можете да купите од супермаркет или да направите сами- рецепт – овде)

ПОСТАПКА:

1.Измешајте го топлото млеко со шеќер и кондензирано млеко. Додајте го сувиот квасец и едно јајце, повторно изматете.

2.Помешајте ги течностите со сувите состојки – брашно и сол.

3.Измесете го тестото со миксер на кој сте прикачиле спирални продолжетоци, додека да стане компактно. Додајте путер и матете 10 минути додека убаво да се инкорпорира.

4.Оставете го тестото покриено на топло место да ферментира 1 час.

5.Исечете ⅔ од тестото и развлечете го во правоаголник од 25×40 cm.

6.Свиткајте го во ролат и исечете го на парчиња. Наредете ги парчињата тесто во подготвен калап за печење и оставете да одмори настрана.

7.За да направите помали лепчиња, повторете го истиот процес со остаток од ⅓ тесто и оставете ги настрана 1 час.

8.Пред печењето одозгора премачкјате ги со мешавина од жолчка и лажичка млеко.

9.Печете ги во загреана рерна на 180C (350F) 25-30 минути. За помалите лепчиња ќе бидат доволни 20 минути.

10.Изматете еднакви делови од путер и кондензирано млеко. Со оваа смеса премачкајте ги лепчињата додека се уште топли. Извадете ги од калапите за печење кога целосно ќе се изладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.