РЕЦЕПТ ОД 5 МИНУТИ…Ќе ги правите секој ден овие вкусни и едноставни крофни без квасец…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
50 г шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
50 мл масло
125 г цврст јогурт или кисела павлака
1/2 лажичка сол
450 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 јаболко
40 г суво грозје

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, па сипете го маслото и јогуртот. На крај додајте ги солта и брашното, па замесете меко, компактно тесто (не мора со раце, може и со шпатула). Во тестото вмешајте ситно сечкано јаболко и суво грозје.

Со намастени дланки кинете од тестото, валајте ролнички и спојувајте ги како прстен. Можете да правите крофнички со облик и како фритули или по ваш избор. Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.

Кроофничките посипувајте ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://youtu.be/JF6aWBgEjJk?si=9peP0wnM-m0mQ-dv