Овен

Викендов ќе осетите потреба од забава. Секојдневните обврски ве изморија и време е да се ослободите од вишокот енергија. Ќе сакате да бидете видени, а тоа е можно само на бучни места каде што излегува елитата. Ќе бидете во центар на вниманието и ќе уживате.

Позитивната енергија што ја ширите околу себе нема да остане незабележана. Ако сте слободни можно е токму овој викенд да ја сретнете личноста на вашиот живот. Овните што се во брак ќе забележат дека партнерот се менува во позитивна смисла и дека многумина го забележуваат. Не дозволувајте љубомората да ви го наруши уживањето.

Бик

Овие два дена ќе уживате во кругот на семејството. Вашиот хедонизам особено ќе дојде до израз. Вниманието што ќе го добиете ќе ве натера да се чувствувате како центар на светот. Ако одите на годишен одмор, внимавајте на трошоците. Имате потреба да отидете на некое ексклузивно место каде што ќе бидете видени и ќе можете да уживате, а тоа чини скапо.

Доколку сте во брак, пред да направите каков било аранжман, консултирајте се со партнерот. Тој не е подготвен да ве следи во вашите лудории. Неговиот сериозен пристап кон работите може да ви го намали уживањето.

Близнаци

Во изминатиот период направивте многу работи поради кои се чувствувате гордо. Доколку планирате краток пат очекувајте средби со многу интересни личности кои ќе сакаат да бидат во вашето друштво. Ако се занимавате со издаваштво или пишување, можно е признание кое ќе ве направи многу горди.

Ако сте слободни, не пропуштајте ги местата за забава кои се наоѓаат во центарот на градот. Средбата со една личност родена во огнен знак може да ви го смени, не само статусот, туку и животот.

Рак

За разлика од изминатите денови, следните два дена нема да имате потреба да се врзувате за семејството и упорно да им докажувате колку многу правите за нив. Ќе имате потреба да се покажете во полн сјај и да доминирате како во домот така и во средината во која се движите.

Време е да ги посетите салоните за убавина или некој спа центар и да потрошите некој денар. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве понесе еуфоријата. Задоволствата можат да го нарушат вашиот буџет и следните денови ќе морате да штедите повеќе од вообичаеното.

Лав

Забавата, убавото друштво и чувството на надмоќ овој викенд ќе бидат дел од вас. Ќе се чувствувате како да сте повторно родени и никој ништо не ви може. За вас особено е битно да имате контрола врз се што ве опкружува. Овој викенд ќе имате токму такво чувство. Ќе бидете во центар на вниманието и ќе се чувствувате гордо.

Меѓутоа, успехот што ќе го постигнете меѓу пријателите и роднините може да го наруши еден семеен проблем. Некои работи кои останале неразрешени во изминатиот период, повторно ќе испливаат на површина. Не дозволувајте да бидете замешани и да преземете улога на судија.

Девица

Се чувствувате гордо, но вашиот карактер не ви дозволува да го покажете тоа. Во изминатата недела постигнавте некои неочекувани успеси и викендов ќе посакате да прославите со пријателите. Ако се занимавате со пишување можно е да имате потреба да се осамите и да го искористите напливот на инспирација.

Слободните девици ги очекува средба со некоја личност од минатото. Сознанијата до кои ќе дојдете ќе ве направат горди. Не дозволувајте емоциите да надвладеат и да ви го нарушат мирот во којшто се наоѓате. Личноста како дошла, така може повторно да ја снема.

Вага

Убавината многу ви значи и секој слободен момент го користите да бидете креативни и да се посветите на вашиот надворешен изглед. Овој викенд ќе имате потреба да блеснете и да се ослободите од сета негативна енергија која ви е насобрана во изминатиот период. Трката за подобар живот и потребата да го постигнете статусот кој сметате дека ви припаѓа ве истошти и имате потреба од одмор.

Но, не каков било одмор. Вие сакате нешто каде што ќе можете да заблескате и да бидете во центар на вниманието. Не дозволувајте партнерот да ви ја наруши самодовербата. Изборете се за своето право да уживате на начин каков што ви одговара.

Шкорпија

За вас важи она правило, каде и да отидете не можете да избегате од себе и од проблемите што ги имате. Имате потреба да избегате некаде и да ги наполните батериите. Вашите потреби се секогаш екстремни. Или сте премногу скромни, со екстремно мали потреби или имате преголеми желби кои морате да ги остварите, па ако треба и ќе банкротирате.

Овој викенд вашите потреби ќе бидат многу над вашите можности. Ќе имате помешани чувства. На моменти ќе се чувствувате горди и способни да се издигнете над ситуацијата, а на моменти ќе ве совладуваат негативните емоции.

Стрелец

Викендов ќе чувствувате интелектуална надмоќ и ќе добиете некои неочекувани признанија. Успехот кој ве следи ви дава голема храброст и енергија да продолжите понатаму. Во изминатите месеци се чувствувавте ограничени и не бевте во состојба да се опуштите.

Овој викенд ќе го сторите токму тоа. Овие денови е можна средба со личност од која очекувате голема помош. Слободните стрелци ќе бидат во центарот на вниманието кај спротивниот пол. Дури ќе имате можност да привлечете неколку личности. Посветете и внимание на онаа што е родена во воздушен знак. Ве очекува убаво дружење.

Јарец

Премногу сте одговорни и не си дозволувате ни малку забава. Потребата за работа доминира над потребата за одмор и не можете да се опуштите. Успехот што го постигнавте може да биде заматен од приговорите на партнерот. Тој се чувствува заробено во вашиот свет на обврски.

Овој викенд ќе сакате да му угодите и да му посветите поголемо внимание. Не претерувајте затоа што ќе помисли дека нешто криете. Ако сте слободни, во едно интересно друштво ќе имате можност да сретнете нова личност родена во воден знак.

Водолија

Доколку се занимавате со јавна работа, овој викенд ќе го поминете работно. Ќе имате низа на средби кои ќе бидат многу значајни за следниот период. Ќе бидете опкружени со внимание и ќе се чувствувате гордо. Вие не сакате да се издигате над опкружувањето и секогаш сакате да ја покажете вашата скромна страна.

Но овој викенд нема да можете да избегате од пофалбите за постигнатото и ќе бидете полни со самодоверба. Ако играте игри на среќа, можна е добивка. Ако сте осамени, овој викенд очекувајте средба со личност родена во воздушен знак.

Риби

Можно е првиот ден од викендот да го поминете работно. Но, тоа нема да ви падне тешко. Имате големи планови за иднина и успешно го трасирате патот кон успехот. Работата е само едно од скалилата по кои се искачувате за да ги постигнете вашите цели. Викендов ќе бидете исполнети со позитивни емоции.

Ќе чувствувате голема потреба од љубов и желба некому да му покажете колку ви значи. Доколку сте во слободна врска, ќе се обидете да ги контролирате чувствата, зашто гордоста нема да ви дозволи потполно да се отворите.