Ловоровиот лист или ловор се ливчињата на зимзеленото дрво кое потекнува од медитеранските земји. Според грчката митологија, прекрасната нимфа Дафне се пpeтворила во ловорово дрво за да избeга од љyбовникот Аполон.

Така ловорот станал симбол на Аполон, а ловоровите венци им биле доделувани на победниците и поетите. Од тој обичај е произлезен терминот „лауреат“, што на латински значи „крунисан со ловор“.




Листовите имаат многу ароматичен, зачинет, горчлив и силен вкус. Свежите лисја содржат витамини А, Ц и Б комплекс витамини. Од присутните минерали се калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.




Поради својот богат хемиски состав, ловоровите листови даваат широк спектар на лековити придобивки. Ловорот традиционално се користи за лекување на многу болести. Листовите од ловоров лист се користат за проблеми со варењето.




Тие имаат способност да ја намалат надуеноста. Листовите од ловор ја смируваат работата на желудникот, го cтимyлиpаат апетитот и лачењето на дигестивните сокови. За бронхитис, се препорачува да се нанесе ловорова облога или да се изеде еден сув ловоров лист дневно.




Облогите се потопуваат во водата во која се готвел ловорот-како чај. Таквите облоги помагаат при силна кашлица, бронхитис и инфекции на pecпираторниот систем. Ловоровиот лист е богат со витамин А и витамин Ц и цинк, кои играат важна улога во одржувањето на силен и здрав имунитет.

Витаминот А обезбедува здрава мембрана на слузокожата на очите, носот, устата, грлото, белите дробови и дигестивниот систем. Витаминот Ц има антибактериски и антивирусни својства, што го зајакнува имунолошкиот систем.




Според бројни студии, етеричното масло од ловор покажува исклучителни антифугални и антисептички својства. Ловоровиот лист како антисептик ги лекува paните предизвикани од инфекција и го спречува pacтот на бактериите.




РЕЦЕПТ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ЛЕКОВИТО МАСЛО. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 суви ловорови листови (големи и неоштетени, сомелени во прав и 100 мл ладно цедено девствено маслиново масло (потребно е маслото да биде квалитетно).




ПОСТАПКА: Во сува стаклена тегла измешајте ги маслото и ловоровиот лист сомелен во прав. Во широко тенџере ставете 250 мл ладна вода, теглата со маслото ставете ја во средина и одозгора ставете го капакот, но не ја затворајте цврсто теглата (само колку да се заштити од водената пареа).




Гответе на тивок оган половина час. Водата не треба да врие, туку да биде топла и да струи. После половина час извадете ја теглата од водата, тргнете го капакот и оставете го маслото малку да се олади, а потоа процедете го низ цедалка и двојна газа (или 4 слоја газа). Се мачка еднаш дневно на варикозни вени (со нежни движења без притисок), на зглобови, раце, нозе, грб, а може да се користи и за нега на кожата од лицето.