Леската расте насекаде, особено на рабовите на шумите, ливадите и пасиштата, како и покрај патиштата како „жива ограда“. Освен лешникот, кој всушност е семето на ова растение, леската е препознатлива и по мазната кора на флексибилните гранки. Лисјата се овални, големи, во форма на срце во основата и пошилести на врвот.

NMD.mk




И кората и листот од леската се користат како замена за американскиот „хамамелис“, бидејќи катехинскиот танин што го содржи леската има својство да ги стега кpвните садови, односно делува како вазоконстриктоp.

Медицинските препарати подготвени од лисјата и / или кората од леска, се користат надворешно како облоги за третман на варикозни улцеpaции, односно paни на вените.




Овие облоги се подготвуваат со готвење на сечкани листови и кора од леска на тивок оган, а екстракт се подготвува и во аптеките, исто така за третман на венски улкуси. Препаратите од леска се користат и за чистење на кожата.




Покрај тоа, маста/мевлемот од лисја и кора од леска се користи за лекување на надворешни хемороиди. Во народната медицина, силниот, концентриран чај од леска се користи со векови како ефикасен лек за дијареа, како и за запирање на големи одливи за време на менcтpyацијата.




РЕЦЕПТ КОЈ ПОМАГА ДА НЕ БOЛАТ НОЗЕТЕ: Потребни состојки: еден грст свежи листови од леска и еден литар вода

Исечкајте ги лисјата, прелијте ги со врела вода и поклопете ги. По половина час, процедете и пијте во четири дози во текот на денот. Истовремено, натопете ленено платно со малку чај, ставете облога на бoлната вена и менувајте на секој втор час.




РЕЦЕПТ ПРОТИВ ХЕМОPОИДИ: Потребни состојки: 10 мл течен екстракт од лисја и кора од лешник (од билна аптека), 25 г масло од пупки од топола (од билна аптека), 10 г ланолин

Добро измешајте го екстрактот, маслото и ланолинот, па нанесувајте го овој мевлем на хемороидите неколкупати на ден. Чувајте го мелемот на ладно и темно место. Оваа маст служи како добра замена за ретката и со висока цена, америчката билка Hamamelis Virginijana.




РЕЦЕПТ ПРОТИВ ДИЈАРЕА: Потребни состојки: еден грст свежи листови од лешник и еден литар вода. Исечкајте ги лисјата, прелијте ги со врела вода, поклопете, почекајте 20 минути и процедете. Пијте по 200 мл чај петпати на ден.




РЕЦЕПТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОЖАТА: Потребни состојки: еден грст свежо набрани листови од леска и еден литар вода. Прелијте ги ситно сечканите листови со зовриена вода, поклопете и почекајте половина час. Процедете го чајот, а потоа пијте по 250 мл чај четири пати на ден.




За отворени paни при проширени вени на нозете се користи следниот народен лек: кора од лешник се вари во растворено вино со вода (50:50), па од чајот се прават облоги кои се ставаат на нозете. За истата цел може да послужат и листовите од лешник кои претходно ситно ќе се исечкаат.