ПОСНА ТОРТА СО 1 ЛИТАР СОК ОД ПОРТОКАЛИ: полна е со крем, а чоколадниот дел е најубав

Оваа посна слоевита торта е најубавото нешто што ќе го јадете додека постите. Без јајца и млеко, тортава е навистина превкусна. Излегува многу голема и богата, а кремот е навистина посебен, немам зборови.




За посни слави и други пригоди може да ја направите, а нема да ви одземе многу време бидејќи се подготвува многу едноставно и лесно, состојките за кора се мешаат, се излева во калап и се става на печење. Филот се подготвува во тенџере и потоа се премачкува врз кората.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 480 г брашно или 2 чаши од по 250 мл, 2 чаши лимонада или обична вода, 1 чаша масло, 2 чаши шеќер (може и помалку, по вкус), 70-80 г какао, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 голема лажица оцет 9%, прстофат сол, 1 кесичка ванилин шеќер.




ЗА КРЕМ: 1 литар сок од портокал, 1 чаша шеќер, 7 лажици гриз. ЗА ПОСНАТА ЧОКОЛАДНА ГЛАЗУРА: 1 лажица какао, 3 лажици шеќер, 1 лажица брашно, 1 лажица масло, половина чаша вода (125 мл) и ореви за декорација.




ПОСТАПКА: Најпрво пригответе го кремот: во 1 литар цеден сок од портокали (може и купечки, но да е природен) ставете 1 чаша шеќер (може и помалку), па 7 лажици гриз. Сето соединете го во тенџере и тргнете го настрана додека да ја подготвите кората.




ЗА КОРАТА: Во 480 г просеано брашно додајте го шеќерот (истото важи и тука, по вкус додајте и помалку доколку ви се многу 2 чаши), па додајте 1 чаша лимонада заедно со ванилиниот шеќер. Сето соединете го со шпатула.




Додајте мало лажиче сода, маслото, какаото, па на крајот соединете ги состојките со втората чаша лимонада. Преостанува да додадете уште прстофат сол и 1 голема лажица оцет. Состојките се соединуваат во течна и еднолична смеса, без грутки. За тоа е потребно неколку минути мешање.




Чоколадната смеса излејте ја во калап обложен со хартија за печење, со стандардна димензија. Препорачано е калапот да биде висок околу 3-4 прсти. Излејте ја смесата во него и пред да ставите на печење истресете го калапот од рамна површина за да се ослободи вишокот воздух заглавен на дното.




Печете во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 20 минути. По изминатото време извадете ја кората од рерната и почекајте малку да се олади, па потоа од неа извадете 4 помали кори кои ќе ги пресечете напречно.




За да ви биде полесно, можете смесата да ја печете на двапати, прво една половина, па друга за сечете на корите да биде попрецизно, само на половина. Во меѓувреме додека се печела кората смесата за крем ставете ја на рингла и со повремено мешање почекајте да зоврие. По зовривањето, кремот се вари уште 1-2 минути додека да добие на густина. Потоа тргнете од оган и почекајте малку да се излади.




Секоја кора одделно избоцкајте ја со чепкалка на неколку места. Кога кремот ќе се излади, изматете го малку со миксер за да се разреди како пудинг, па филувајте кора по кора посебно, додека ги редите една врз друга. Со последната кора се премачкува целата торта.

На крајот класично пригответе ја глазурата со мешање на гореспоменатите состојки на рингла и потоа глазирајте во декоративни линии (концентрични кругови), како што е прикажано во видеото подолу. На крајот декорирајте со ситно сечкани или мелени ореви ПО СТРАНИТЕ, и ставете ја тортата во фрижидер да се стегне неколку часа. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаПОСНИ КОЛАЧИЊА: ако не ми го кажеше свекрва ми рецептот, немаше да имам десерт за гостите
Следна статијаАко го знаете името на овој колач, сте израснале во најубавите времиња: мек пандишпан со превкусен шам