Рецепт за полнети ѓевреци
Полнетите ѓевреци се совршен избор за вкусен појадок или ужина, со мека текстура и богат вкус кој ги задоволува сите сетила.
Овој рецепт е едноставен, брз за подготовка и резултира со ѓевреци кои се меки како памук, а сепак полни со ароми.
Следете ги чекорите за да создадете вкусна магија во вашата кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 40 г свеж квасец или 10 г сув квасец
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица брашно
– 250 мл топла вода
– 300 мл топла вода
– 1 кг меко брашно
– 50 мл масло
– 20 мл масло
– 1 јајце
– 500 г свежо сирење
– 300 г шунка
– 100 г кашкавал
– НМД
Постапка:
1. Во помал сад помешате го квасецот, шеќерот и една лажица брашно. Додајте 250 мл топла вода, измешајте и оставете ја смесата настрана додека ги подготвувате останатите состојки.
2. Во поголем сад за месење ставете го целото брашно, додајте сол по вкус и промешајте. Сипете ја смесата со квасец, преостанатите 300 мл топла вода и 50 мл масло. Мешајте со лажица, а потоа продолжете со раце.
3. На крајот од месењето, додајте ги преостанатите 20 мл масло, измесете уште кратко и оставете го тестото да отстои на топло место 30 до 60 минути, покриено со крпа, додека да го удвои волуменот.
4. Откако тестото ќе нарасне, нежно преклупете го без додавање масло или брашно. Поделете го на 12 еднакви делови и секој дел оформете го во топче. Покријте ги топките со крпа и оставете ги да отстојат додека го подготвувате филот.
5. Изрендајте ги кашкавалот и шунката, па измешајте ги со свежото сирење. Доколку е потребно, посолете ја смесата и добро измешајте.
6. Секоја топка тесто развлечете ја со сyкало во форма на круг. Со прст направете поголема дупка во центарот на тестото.
Околу дупката рамномерно распоредете го филот, внимавајќи да имате доволно за сите ѓевреци. Доколку остане некој ѓеврек со помалку фил, тоа нема да го наруши вкусот.
Потоа започнете да преклопувате, најрво од сите четири страни преклопете кон средината, а потоа целиот круг преклопете го и оформете го ѓеврекот.
7. Наредете ги ѓевреците во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и оставете ги да отстојат 20 до 30 минути.
8. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Печете ги ѓевреците 20 до 22 минути, додека да добијат златнокафеава боја.
9. По печењето, додека се уште топли, премачкајте ги со растопен путер или масло за дополнителен сјај и мекост.
Сервирајте ги топли и уживајте во нивниот неодолив вкус! Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: