Феноменална полнета проја, предобар рецепт – ваква проја сè уште не сте пробале!После првиот рецепт за полнета проја прочитајте уште еден – проја со сирење, па одберете која повеќе ви се допаѓа.

Потребни состојки: 2 чаши (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 50 мл масло, ½ прашок за печиво, малку квасец (1/2 лажичка), околу 300 г меко сирење, 200 г сув врат малку пропржен (или шунка), 3 јајца, газирана вода (малку, околу 50-100 – тина мл), 1 китка блитва обарена, сол

Постапка: блитвата обарете ја, исечкајте ја и посолете ја. Во една чинија измешајте пченкарно брашно и гриз, па посолете. Додајте изматени јајца со виљушка и 100 г иситнето сирење. Во смесата додајте масло, квасец и прашок за печиво, па постепено додавајте газирана вода.

Промешајте, смесата треба да биде кашеста како за палачинки, малку погуста. Измешајте го остатокот од сирењето и блитвата, а сувиот врат малку испржете го на масло од двете страни. Плехот намастете го и ставете хартија за печење. Користете некој со помали димензии или калап за торта.

Истурете третина од смесата со јајца и брашно и распоредете. Потоа наредете парчиња сув врат и прелијте ги одозгора со третина од смесата и убаво распоредете. Одозгора рамномерно распоредете ја блитвата со сирењето и израмнете.

Одозгора нанесете го остатокот од смесата и убаво израмнете. Одозгора наросете сусам или семки по вкус и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 степени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, и прочитајте го следниот рецепт:

Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ – Фантастичен рецепт за проја. ПРОЈА со сирење, мека како душа, сите ќе ви побараат уште едно парче, а потоа и рецепт.

Пројата или како што е наречена во овој рецепт, Пројара, е многу вкусна и мека како душа. Секој што ќе ја проба ќе ви побара рецепт поради феноменалниот вкус и нејзината мекост, што навистина и нема рамна. Кога еднаш ќе ја пробате, постојано ќе ја правите.

Потребни состојки: 1 кисело млеко (200 г), 10 г квасец, ½ прашок за печиво, 200 г тврдо сирење, 2 јајца, 2 чаши (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 50-100 мл масло, 1 лажичка сол или по вкус и малку газирана вода за да се замеси (околу 100 мл).

Постапка: во еден сад ставете две чаши пченкарно брашно и една чаша гриз, измешајте. Додајте две јајца и една чаша кисело млеко. Посолете по вкус, додајте половина прашок за печиво, квасец малку растворен во вода, половина чаша масло и иситнето сирење.

Сите состојки добро измешајте ги и додајте газирана вода за да добиете погуста смеса од онаа за палачинки. Сирењето не мора да биде целосно растопено, туку може да има поголеми парчиња кои ќе се чувствуваат после печењето.

Смесата излејте ја помал плех или калап за торти обложен со хартија за печење. Ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу половина час. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.