Home погача Мека како памук: Бабина погача со сирење што успева секојпат – лесна...

Мека како памук: Бабина погача со сирење што успева секојпат – лесна е дури и за почетници

брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube

Вака нашите баби правеа најмека погача: Со сирење однатре, мека и следниот ден

Најлесната полнета погача: Без многу месење, а вкусот е совршен

Понекогаш најубавите рецепти се токму оние наједноставните. Оваа старовремска погача со сирење е доказ дека со неколку основни состојки може да добиете неверојатно меко и вкусно домашно печиво кое мириса на топол семеен дом.

Тестото е лесно за работа, а филот од сирење му дава посебна сочност и богат вкус. Одлична е за појадок, вечера или како домашно мезе покрај јогурт и сезонска салата.

Рецептот е толку едноставен што без проблем можат да го подготват и почетници, па дури и деца со мала помош од возрасен.

Дополнително, домашните печива се сѐ попопуларен избор кај семејствата кои сакаат поквалитетна и посвежа храна, а токму ваквите традиционални рецепти повторно се враќаат во модерните кујни, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube
брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube

Потребни состојки:

За тестото:

* 400–450 г брашно
* 200 мл млако млеко
* 20 г свеж квасец
* 50 мл масло
* 1 лажичка шеќер
* 3 јајца
* половина рамна лажица сол

За филот:

* 80–90 г сирење
* 1 јајце

За премачкување:

* 1 жолчка
* 1 лажица јогурт

брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube
брза погача
Screenshot @LetinaKuhinja youtube

Постапка:

Во млакото млеко додајте ги шеќерот и квасецот, па оставете кратко да се активираат.

Потоа додајте ги маслото и јајцата, па убаво изматете ја смесата. Сипете ја во подлабок сад со брашното, додајте сол и замесете меко тесто.

Покријте го тестото и оставете го на топло место додека да го удвои волуменот.

Работната површина и дланките лесно премачкајте ги со масло. Тестото развлечете го со раце или со сукало во кружна форма, како кора.

Во посебен сад измешајте ги сирењето и јајцето. Филот распоредете го во средината на тестото.

Краевите од тестото повлекувајте ги кон средината и добро затворајте ги со прстите за филот да не излегува при печењето.

Погачата внимателно превртете ја и ставете ја во тркалезен плех со пречник од околу 30 см, обложен со хартија за печење.

Измешајте жолчка и јогурт, па премачкајте ја погачата одозгора за да добие убава боја и сјај.

Оставете да одмори уште 10 минути, а потоа печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25–30 минути, додека да добие златнорумена боја.

Послужете ја топла, со јогурт или цврст јогурт (кисела павлака), а одлична е и следниот ден.

Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: