Едноставен колач а толку вкусен, мора да го пробате. Колачот е старински и уште одамна го приготвуваа нашите мајки и баби. Може да го приготвувате кога и да посакате, бидејќи е брз, а можат и почетници да го направат.

Потребни состојки: 550 мл јогурт (3 чаши јогурт од 180 г), 100-120 мл масло, 250 г шеќер (може и помалку), 2 лажици какао (25 г), 300 г брашно, 2 лажички сода бикарбона, путер за премачкување на калапот.

За глазура: 150-180 г путер, 120 мл млеко, 120 г шеќер, 120-150 г чоколадо за готвење

ПОСТАПКА: Во еден сад ставете 550 мл јогурт кој претходно отстојал на собна температура (Или користете 3 чашки јогурт од 180 г). Додајте 100 мл масло и 250 г шеќер. Во смесата додајте 2 лажици какао во прав и 300 г брашно.

На крај ставете и 2 лажички сода бикарбона па промешајте со жица за матење додека да добиете мазна полутечна смеса, без грутчиња.

Добиената смеса излејте ја во плех со средна величина (20х30 см) или тркалезен калап за торти, претходно намастен со малку путер или масло. Израмнете и ставете да пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 20 минути до половина час.

Печениот колач оставете го да излади, а за тоа време пригответе ја глазурата: во еден сад ставете 180 г путер и растопете го на тивок оган. Додајте 120 мл млеко, 120 г шеќер и 120 г чоколадо за готвење.

Промешајте убаво додека сите состојки да се растопат и изедначат, па прелијте ја глазурата преку изладениот колач. Оставете да се стегне, па сечете го на коцки. Одозгора може да декорирате со рендано чоколадо или овошје. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ. Ако ги мерите сите намирници со чаша, тогаш:

Доколку немате вага или сте во брзање, користете: 3 чаши јогурт, 3 чаши брашно, 2 чаши шеќер, 1 чаша масло, 3 големи лажици какао, 10 лажици млеко. За мерење се користи јогуртна чаша од 180 г.