Плетенки какви не сте пробале досега…Тестото е меко како памук и додека се пече расте како планина…Повеќе не купувам од пекарница и редовно си правам домашно тесто…Многу е вкусно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 мл млако млеко
80 г шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
6 г сув квасец (1 кафена лажичка)
1 јајце
1 белка од јајце
40 г путер на собна Т + за премачкување на тестото
20 мл растително масло
500 г пченично брашно
1/2 лажичка сол
За фил: путер, шеќер, ореви
За премачкување одозгора:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко
ПОСТАПКА:
Измешајте млеко, шеќер, ванила и квасец. Додајте путер, јајце и белка, а жолчката сочувајте за крај. Потоа постепено додајте го брашното помешано со солта и замесете меко, компактно тесто.
Завршете со масло, покријте го и оставете го да ферментира 60 минути. Стасаното тесто премесете го и поделете го на 2 топки. Оставете ги покриени да одморат 15 минути.
На набрашнета површина секоја од топките сплескајте ја со рацете, а потоа развлечете ја со оклагија, па кората премачкјате ја со путер и посипете шеќер и ореви. Свиткајте ролат.
Пресечете го надолжно на половина но само од едниот крај, да добиете 2 краци. одвојте ги и сплетете ги, а двата краја подвиткајте ги надолу. Плетенките ставете ги во калапи за леб и оставете ги да ферментираат 20 минути.
Премачкјате ги со жолчка и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Оставете да се оладат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/EsX9oFuW2go?si=fhe_drG_K3v8FYgz