Фото и рецепт: Даниела Никадиновиќ

памук погачи

Потребни состојки: 1 квасец, 100 мл млако млеко, 1 лажичка шеќер, 1 лажица брашно, 50 г растопен путер, 100 мл јогурт, 1 јајце, 1 белка од јајце, 1 лажичка сол, 500 г брашно, 1 жолчка од јајце, 2 лажички млеко, 1 лажичка масло и сусам

Постапка: Во 100 мл млако млеко растворете го квасецот и додадете една лажичка шеќер и малку брашно. Оставете 10-тина минути убаво да се активира.

активирање на квасецот

Во квасецот додадете 50 г растопен путер, 100 мл јогурт, едно цело јајце и една белка. Измешајте го тоа, па додадете лажичка сол и половина килограм брашно. Замесете убаво мазно тесто, па покријте го и оставете го да се удвои околу половина час.

Плехот намастете го и наросете го со малку брашно. Тестото поделете го на 12 делови.

тестото поделете го на 12 погачи

Обликувајте погачи, редете ги во плехот и  алку одозгора притиснете ги. Повторно прекријте ги и оставете ги така уште половина час. Во жолчката додадете две лажички млеко и лажичка масло, па со оваа смеса премачкајте ги погачите и наросете ги со сусам.

печени памук погачи

Печете ги околу 25-30 минути на 200 степени. Кога ќе бидат готови прекријте ги со крпа и оставете ги така 10-тина минути.

памук погачи

Фото и рецепт: Даниела Никадиновиќ