Ако досега не сте ја направиле оваа пита, запишете си го рецептот и при првата можност направете ја, нема да се покаете. Доколку ги сакате овој вид на пити со готови кори, сочни, залиени и со богат вкус, тогаш рецептот на Зора е идеален за вас, верувајте ми, ќе бидете воодушевени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (основни, за питата): 500 г готови кори за пита, 1 средна главица кромид, 500 г мелено месо по избор, 3 компири со средна величина, зачини по вкус: сол, сув зеленчуков зачин (вегета), црн пипер во прав.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ: 3 јајца со средна величина, 100 мл масло (1/2 чаша), 1 чаша кисела павлака/цврст јогурт (180-200 г), 200 мл газирана вода (1 чаша), 1 лажичка сол и зачини по свој вкус.




ПОСТАПКА: Кромидот ситно исечкајте го и кратко издинстајте го на малку масло додека да застакли и малку да омекне, па потоа додајте го меленото месо. Зачинете по вкус со сол, мелен црн пипер и зеленчуков мешан зачин.




Динстајте уште неколку минути со непрекинато мешање, додека месото да ја промени бојата (да потемни) и да испари вишокот течност што ќе ја испушти. Во меѓувреме излупете ги компирите и изрендајте ги на крупната страна од рендето.




Ренданиот компир по желба исперете го во ладна вода за да непотемне и да се измие од скробот, исцедете го и додајте го во тавата заедно со месото и кромидот, па ако е потребно зачинете уште малку. Промешајте и тргнете ја тавата од оган и оставете малку да подизлади.




Во огноотпорен сад 35 см х 25 см претходно намастен, ставете една кора превиткана на половина (искроена според димензиите на плехот). Таа кора премачкајте ја со малку масло и врз неа ставете уште една кора, исто така превиткана (како да сте ставиле 4 кори една врз друга).




Врз оваа кора распоредете малку од филот, па покријте со нова кора, па повторно фил и постапката продолжете ја додека да го потрошите материјалот. Последните две кори наредете ги без фил. Исечете ја питата на коцки или квадари со величина по ваша желба.




Потоа рамномерно залијте ја со приготвената смеса од јајца. Потргнете малку со ножот за да може преливот да навлезе убаво помеѓу засеците. За прелив: јајцата изматете ги со виљушка, додајте масло, кисела павлака или јогурт, минерална вода и сол и изедначете.




Оставете 30 минути корите добро да се натопат, па потоа печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени одозгора. Испечената пита оставете ја да отстои 15-тина минути и послужете со салата по ваш избор. / Сооlinarika.сom