Идеална е за појадок или вечера, а може да се послужи и за ручек со чаша јогурт или кисело млеко. Однадвот има тенка, крцкава коричка, а однатре е мека и сочна, секој залак се топи, а вкусот е нешто неодоливо, мора да пробате.




Мириса прекрасно, па веднаш ќе ја изедете, а потоа ќе ја правите повторно и тоа во двојна количина. Состојките можете да ги прилагодувате според сопствен избор или според она што го имате во моментот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 120 г путер, 80 мл масло, 1 мала лажичка сол, 200 мл јогурт, 200 мл вода (моѓже и газирана), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 400 г сирење по ваш избор, 1 страк младо кромитче, 500 г купечки тенки кори, сусам




ПОСТАПКА: Најпрво пригответе го филот за оваа фантастична гибаница. Во еден подлабок сад скршете три јајца и додајте 120 г путер растопен на пареа или во микробранова печка и 80 мл растително масло.




Потоа додајте една чаша течен јогурт (200 мл) отстојан на собна температура, како и една чаша (200 мл) обична вода, а може и газирана. Посолете со една кафена лажичка сол или по вкус и додајте една кесичка прашок за печиво.




Сите состојки добро изматете ги со кујнска жица-маталка додека да се изедначат и соединат. Потоа земете една тепсија со пречник од 26 см или приближно и намастете ја со малку масло или путер/маргарин на дното и страните.




Потоа започнете со редење на корите на следниот начин: поставете ја првата кора така што ќе ја покриете тепсијата до половина, а половината да биде надвор од неа. Со втората кора поклопете ја малку првата кора и повторно половината да излегува надвор од тепсијата.




Третата кора поставете ја во средината од тепсијата. Со кутлача сипете од филот да се залие дното, па земете четврта кора, воздушесто изгужвајте ја меѓу раце и ставете ја внатре во тепсијата. На ист начин постапете со уште три кори (вкупно четири кори или колку што е потребно за да се пополни целиот простор).




Одозгора рамномерно залијте со две-три кутлачи од преливот. Потоа распоредете сирење или фил по ваш избор и посипете со ситно сечкан млад кромид, а може и праз. Повторете ја постапката со гужваните кори. Откако ќе наредите 4 кори, повторно сипајте прелив, па сирење и наредете ги преостанатите кори.




Залијте со преливот, па преклопете со првите две кори кои висат надвор од тепсијата. Одозгора залијте го преостанатиот прелив, наросете сусам или семки по избор, па ставете да се пече 35 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.