Пијано тесто со пиво – успева за пици, за пирошки, за погачи…

Потребни состојки:

  • 500-600 г брашно
  • 150 мл млеко
  • 200 мл пиво
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 чајна лажичка сол
  • 1 чајна лажичка шеќер
  • 40 г свеж квасец

Постапка:

Брашното, шеќерта и солта измешајте ги во сад за месење, па додадете маслиново масло.

Млекото, пивото и квасецот загрејте ги во посебен сад, па потоа со таа мешавина замесете тесто.

Добро измесете за да се одвојува од ѕидовите и од рацете.

Оставете да надојде, па премесете.