Пиете чај? Ако не пиете, сега е вистинскиот момент да почнете. Има се повеќе докази, дека една или две шолји чај на ден помагаат во спречување на многу познати болести. Можеби веќе сте слушнале за неверојатните својства на зелениот чај, кој се добива од билката Camellie sinensis, како и познатиот црн чај.

Минимално обработен зелениот чај докажано го подобрува имунитетот, го намалува нивото на холестерол, спречува пропаѓање на забите, па дури и помага во намалување на ризик од рак. Содржи EGCG, еден од најефикасните антиоксиданти, некогаш откиени.

Во следните рецепти се користат суви билки, а доколку користите свежи ќе ви биде потребна трипати поголема количина.

ЧАЈ АНТИОКСИДАНТ: Боровинките се богати со антоцијаноиди, соединенија кои ја штитат мрежницата од дегенерација на жолтата дамка (макуларна дегенерација), водечки причинител за губење на видот. Чајот исто така е добар и при дијареа. Ги зајакнува вените што е корисно при проширени вени, а исто така, го намалуваи  шеќерот во крвта.

Рецепт: 1 лажица мелени боровинки ставете да отстојат во врела вода 15 минути. Се пие до 4 шолји на ден.

ЧАЈ ЗА СМИРУВАЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ: Помешајте: ¼ лажичка кардамом, ½ лажичка мелен ким и ½ парче свеж корен од ѓумбир. Прелијте со шолја врела вода и оставете 10 минути. Додадете стапче цимет. Испијте го веднаш штом почувствувате болка или 15 минути пред оброк. Чајот е идеален и за болно грло кај деца.

ЧАЈ ЗА МЕНОПАУЗА: Ако сакате да ги смирите симптомите на менопаузата без употреба на хормонална терапија, размислете за Цемицифуга (Cemicifuga racemosa). Чајот од ова горчлива билка помага при наглите тополотни бранови предизвикани од хормоналните промени. Советувајте се со вашиот лекар пред да започнете да го користите овој чај.

Се вари ½ лажичка корен во прав во една шолја вода, околу 30 минути а потоа се процедува. Се зема по 2 лажички на секои неколку часа во текот на денот. Мед и лимон може да ставите за ублажување на горчливиот вкус.

НАПИТОК ЗА ПРЕД СПИЕЊЕ: Ако повремено патите од несоници, нема ништо лошо ако испиете апче за спиење. Но, зошто да ризикувате и да станете зависни од тие апчиња, кога чајот од камилица и лаванда се природна замена за таа намена. Може да пиете чај, неколку пати на ден или еднаш пред спиење.

РЕЦЕПТ: измешајте два дела цвет од камилица, 2 дела маточина, 1 дел цвет од лаванда, 1 дел листови од нане, 1 дел цветови од ружа и прстофат мускантно оревче. За една шолја чај, ставете 2 лажици од оваа мешавина, па прелијте со врела вода (200-250 мл). Нека отстои 5 минути. Процедете и пијте во голтки.

ЧАЈ ПРОТИВ НАСТИНКИ И ГРИП: топлиот чај е природен извор кога станува збор за борба против настинки и затнат нос. Особено се добри чаевите: Изоп (Hyssopus officinalis, милодух) за кашлица, Мачкина трева (Nepeta cataria) за кашлица и затнат нос, како и слез за болка во грлото. Ставете две лажички сомелен изоп во шолја врела вода, додадете мед да го ублажи горчливиот вкус, па пијте по потреба.

ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА МАЧНИНА: Ѓумбирот е исто така добар, во борба протв мачнини, па дури некои специјалисти го препорачуваат за сузбивање на мачнините предизвикани од хемотерапија. Ставете две лажички сув корен од ѓумбир во прав или рендан корен од ѓумбир во шолја врела вода 10 минути. Чајот најдобро делува превентивно пред да започне мачнината, а ако се пие подоцна, откако започнала мачнината, тогаш послабо делува.

КОПРИВА: една шолја освежувачки чај од коприва секојдневно има неколку бенефити: мажите кои имаат слаб мокрачен млаз и потреба за мокрење навечер (знаци за зголемена простата) треба да пијат чај од коприва. Копривата делува како силен диуретик, го контролира високиот крвен притисок, ја намалува подуеноста на стомакот, особено кај жените со предменструален синдром.

Ставете две лажички суви листови во шолја врела вода, оставете 10 минути. Пијте 1 до 2 чаши дневно.