Потребни состојки:
750 г млад компир
2 лажци маслиново масло
Сол, црн пипер
За прелив:
1-2 чешниња лук (или повеќе)
70 мл маслиново масло
2 лажици сенф
2 лажици јаболкова киселина
1 лажица шеќер
2 лажици крупно сечкан магдонос
Сол, црн пипер по желба
Постапка:
Измијте го младиот компир и исечете го на половина (помалите компири, а поголемите на четвртинки).
Тепсијата обложете ја со хартија за печење, распоредете го компирот, намастете го со две лажици маслиново масло, посолете и запиперете.
Печете го компирот во загреана рерна на 220 степени околу 20-30 минути, додека да добие златна боја и да стане крцкав.
Додека компирот се пече направете го преливот од сенф, ситно сечкан лук, масло, шеќер и јаболкова киселина (ставете ги во посебен сад иизмешајте со маталка додека да ја добиете емулзијата, па посолете и запиперете по желба).
Печениот компир ставете го во сад за сервирање и прелијте ги со емулзијата. Наросете одозгора со сечкан свеж магдонос.