Многу вкусни и многу едноставни за правење.

Потребни состојки:

600 г брашно
450 мл вода
1 голема рамна лажица сув квасец
Сол по вкус

Постапка:

Од овие состојки се замесува меко тесто, па оставете да одмора 30 минути.

Надојденото тесто оставете го да одмора 30 минути. Потоа, кога ќе отстои, промесете го со малку брашно и сечете го на приближно еднакви парчиња од кои ќе формирате топчиња.

Од секое топче со помош на оклагија правете мали тркалезни кори со дебелина од 1 см или потенки, но не премногу.

Повторно оставете ги околу 30 минути и потоа со помош на тапата страна од ножот правете шари односно мрежички на лепињите.

Мрежичките правете ги непосредно пред печење.

Изматете една белка, па со неа премачкајте ги лепињите пред печење (кој не сака белка, може и со обично млеко).

Загрејте ја рерната на најјако заедно со плехот во кој ќе се печат лепињите, па потоа редете ги лепчињата онолку колку што собира.

Кога ќе ги ставите лепињите, јас го вклучувам вентилаторот со што се зголемува температурата и побрзо се печат, но затоа мора да се внимава да не прегорат. Може да се печат и без вентилатор.

Не ви е потребно да го намастувате плехот, ниту да користите хартија за печење.

Испечените лепињи завиткајте ги во памучна крпа.